Пропуштивте

Во една од келиите на затворот Идризово , затвореничката Суткије Мустафова од Струмица, починала поради лошата здравствена состојба. Затворскиот лекар потврдил дека во ѓенското одделение на 7 јуни почина46 годишната затвореничка. Брзата помош интервенирала, но за жал можела да констатира смрт.

Според заменичката на Народниот Правобранител, Васка Бајрамовска, починатата била осудена на 8 години затвор. Била притворена во 2012 година, а во изминатите неколку години поради здравствени проблеми над 20 пати била испратена во болница.

Екипата од нивната институција, денеска изврши увид на местото на настанот.

Според директорот на затворот Идризово, Живко Пејковски, во казнено поправниот дом има само двајца лекари и две медицински сестри, кои се грижат за здравјето на над 1700 затвореници. „ Таа се жалела на болки во градите и на други тегоби и за тоа била носена на Клиниките во Скопје многу пати, но од таму повторно ја враќале назад во затворот. Таа денес требаше повторно да биде однесена на Клиника, но ноќеска и се слоши и беше повикана екипа на Брза Помош. Лекарите само ја констатираа смртта“, соопшти Живко Пејковски, Директор на затворот на Идризово.

Телото на починатата со барање на Јавен обвинител е испратено на обдукција во Институтот за судска медицина. Извештајот потоа треба да биде доставен и до Народниот правобранител. Инаку, во првите 6 месеци од 2017 година, во затворот во Идризово починаа 6 осуденици.

 


FaLang translation system by Faboba

Вашите информации пратете
ги на нашиот емаил

info@romatimes.news

Партнери

Today 208

Yesterday 152

Week 776

Month 4083

All 444107

Currently are 91 guests and no members online

Kubik-Rubik Joomla! Extensions