Колоризирани фотографии го покажуваат вистинскиот хорор на Холокаустот

- Никогаш нема да ги заборавам лицата на децата чии тела се претвораа во кругови од чад под тивкото сино небо - Ели Визел, писател, професор, политички активист и нобеловец кој го преживеал холокаустот.

Оваа недела светот одбележува 75 години од ослободувањето на Аушвиц. И за да ја одбележи оваа годишнина, креативниот уметник Том Маршал реши да колоризира фотографии направени во текот на првите неколку месеци од 1945 година.

- Ова беше најгрозоморниот проект на кој некогаш сум работел. Обично уживам во колоризирањето на фотографиите бидејќи процесот постепено ги оживува предметите, што е задоволувачко искуство. Сепак, овој проект ми беше вознемирувачки бидејќи фотографиите се шокантни - наведува Том.

Тој додава дека морал да си дава време за да прави нешто друго и да се обиде да се исклучи додека работел на овие фотографии затоа што го разбеснувале. Но, чувствувал дека е важно да се направат за да се потсетат луѓето, а особено помладите генерации, дека ова се случило и дека не е толку далечна историја.

- Процесот на колоризирање, исто така, беше различен бидејќи овие луѓе биле поблиску до смртта додека дошло времето за нивното ослободување, па сликањето на тонови на кожа беше многу поразлично. Во боја, можете да ги видите коските и бледата кожа без крв и дури и младите мажи изгледаат постаро со седа коса и темни кругови околу очите - вели британскиот колоризирач на фотографии.

 

Link: https://www.boredpanda.com/history-holocaust-horrors-colourised-tom-marshall/?utm_source=bp_art&utm_medium=social&utm_campaign=BPFacebook

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Сакам да речам

Momentalno Online

Имаме присутни 67 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

Golden Wheel - Entry Application Form

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот