Се собираат дигитални потписи - петиција и се бара од УНЕСКО да го препознае овој стил на танц како уметничка и историска вредност.
Ла Замбра танцот како форма на Ромскиот Фламенко ко е многу актиелен во Гранада и Алмерија има свои длабоки корени во областите Албаикин и Сакромонте, и се прават напори да биде признаен како нематеријално културно наследство на човештвото од страна на УНЕСКО.
Преку платформата "Change.org" се собираат дигитални потписи за да се повика УНЕСКО, Организацијата на Обединетите нации за образование, наука и култура, која е надлежна за овој вид на декларација, да го признае овој стил, кој според описот на петицијата, "ја има својата лулка во обесправените области како што се Албаицин и Сакромонте де Гранада.
Нејзините претходници беа економски сиромашни Роми, но милионери во уметноста и уметничкото изразување.