Познатиот стилист и диџеј од Нови Сад Срѓан Швељо (52) познат по прекаро „Фанатик„ е уапсен поради сомнеж дека сексуално вознемирувал најмалку 20-тина деца повеќето од социално загрозени семејства од ромска националност, а неколку од нив пријавиле дека ги пипкал по голото тело!
Швељо е следен од моментот кога на мобилниот телефон на еден познат моден креатор обвинет за педофилија пронајдена е комуникација со него . каде двајцата се фалеа со нивните „трофеи„, велат изворите од истрагата.
Јавноста е шокирана од информацијата дека своите жртви ги пронаоѓал во т.н. „Картон сити„ ромско маало во Нови Сад. Се сомневаат дека тој ги наговарал децата да му бидат модели за експлицитни фотограгии и затоа и ги плаќал.
- Швељо е осомничен дека децата ги сликал голи и снимал проно фотографии. Полицијата во неговиот стан пронајде фотографии за кој се сомневаат дека ги снимал за порнографски сајтови. Засега на осмоничениот му е дореден притвор од 48 часа. Каде потоа ќе биде сослушан од јавен обвинител –велат од новосадското МВР.
- Повеќето од децата се од ромска националност и се од новосадската ромска населба Велики Рит. Намерно ги одбирал социјално загрозените, кому парите им значат многу. Тој ги злоупотребувал и лесно ги наговарал да се сликаат голи.
Link: https://www.alo.rs/vesti/hronika/pedofil-novi-sad-srdjan-sveljo-prostitutke/284352/vest