Љатифа Шиковска првата жена Ромка пратеник во македонскиот Парламент.

Љатифа Шиковска е од Шуто Оризари, дипломиран професор по физичка култура, и директор на НВО „Амбрела„. Таа беше на кандидатската листа на СДСМ и коалицијата „Можеме„ во ИЕ 2 каде носител беше Оливер Спасовски.

Љатифа пред да биде дел од Извршниот одбор на СДСМ децении наназад, беше познат ромски активист, кој се бореше на секој начин за остварување на основните човекови права како и заштита на децата.

Таа знае често да вели: „Јас не седам во канцеларија, мене канцеларијата ми служи само како еден технички сервис каде што се подготвувам, иначе во принцип сиве овие години работам на терен, бидејќи сметам дека токму на терен ја гледаш реалната состојба во однос на ситуацијата која се однесува на Ромите и врз основа на нивните потреби и проблеми ние креираме проекти“.

Таа напоменува дека еден од најгорливите проблеми во ромската заедница е немање на лична документација.

Сега кога се очекува да седне на пратеничкото место, нејзината шанса е тој проблем да го анимира и да ко канализира преку законодавниот дом.

Нас ни е битно навистина, крајно време е да се најдат системски решенија, тие системски решенија мора да бидат со конкретни мерки и активности, акциони планови, стратегии, и посебни програми, преди се развојни, за да можат и Ромите да го најдат своето место во ова општество, бидејќи и ние придонесуваме кон просперитет и прогрес на нашата држава, бидејќи и јас учествувам преку одредени давачки кон државата и треба да знам каде се трошат моите пари. Како и секој граѓанин во нашата држава“, вели Шиковска.

Првата жена Ромка пратеник во македонскиот парламент исто така се води од една позната мисла на Чарлс Буковски која вели: „Ќе го спасите светот само ако им помагате на луѓето еден по еден. Се друго е романтизам и политика

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 201 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот