Во сабота на 11 септември 2021 до ДИК заврши рокот за доставување на кандидатура за градоначалник и советнички листи за Локалните избори 2021.
Според информациите од Општинската изборна комисија од општината Шуто Оризари, во трката за градоначалник ќе бидат пет кандидати.
Од Коалицијата „Rom Romeske” предводена од ДСР и НПР кандидат е Геге Демировски. Од политичката партија Левица, свој кандидат е Тефик Махмут. О Коалицијата „ Најдоброто за мојата општина„ предводена од СДСМ предложен е Асан Ферат. Кандидат од Двожењето „Одлучно за промени„ предводена од ЛДП и ДОМ ќе биде актуелниот градоначалник Курто Дудуш- Куцо и како кандидат од Демократската партија на Албанците -ДПА кандидат е Халид Исеини.
Исто така поднесени се и девет советнички листи. Тоа се советничките листи од сите Движења и партии кои имаат свој кандидат за градоначалник вклучувајќи ги тука и партиите СРМ, ДУИ, Беса и Алијансата за Албанците и алтернатива.
Факт е дека Општината Шуто Оризари го очекува жешка изборна есен!