Во Кинотека на Р.С.Македонија се одржа Ромскиот детски музички фестивал „Чхаворикано суно„ во организација на СП БТР
Традиционално по 7 –ми пат во организација на СП БТР Продукција на 27 Април 2023 година со почеток од 10 часот во просториите на Кинотека на Р.С.Македонија се одржа Ромскиот детски музички фестивал „Čhavorikano Suno 2023“ – „Детски Сон 2023„.
На фестивалската програма беа презентирани нови 10 детски ромски песни, кои ги исполнија деца Роми ученици од скопските училишта.
Целиот фестивал помина во весела атмосфера.
Песните се снимени во студиото на „Екстрем Медиа„ и продуцентот Реан Незриовиќ, а текстовите се на Енис Муарем.
Директорот и организатор на фестивалт беше Зоран Димов кој на крајот на сите учесници им подели дипломи и воедно други интересни награди.
Воедно голема благодарност заслужи и ОУ„ Браќа Рамиз и Хамид „ за соработката во избор на деца изведувачи, како и одделенскиот наставник Александар Јанчев.
Инаку фестивалот финансиски го помогна Министерството за Култура на РСМ.