Социјала

Период на гроздобер, дневница во Македонија се движи околу 25 евра

Со години наназад во периодот август – октомври е период кога е екот на гроздоберот.

Во месеците август, септември и октомври во Неготино и Кавадарци секоја година престојуваат поголеми групи на берачи на грозје. Најчесто станува збор за Роми кој овој период го искористуваат и заминуваат на гроздобер, за да заработат некоја дневница повеќе. Станува збор за поголеми групи, па и цели семејства за да можат да обезбедат некоја попристојна егзистенција во пресрет на зимата. Најчесто станува збор за семејства од социјален ризик.

Тие групи најчесто доаѓаат од Виница, Кочани, Штип , Струмица и други места од источниот дел на земјата, как и од Велес, Кавадарци и Неготино, кои се сместуваат во изнајмени соби, а некои пак доаѓаат со сопствено комбе и во него живеат во тек на гроздоберот.

Инаку, берачите на грозје кои престојуваат во Тиквешијата, за берба од шест часот наутро до 12 на пладне наплаќаат 1.500 денари (25 евра), бараат обезбеден превоз и појадок. За секој час берба после 12 часот, наплаќаат по 300 денари (5 евра).

Самет Скендери, InSoC: „Сиромаштијата го гази човековото достоинство на Ромите во Репубчлика Северна Македонија„

Сиромаштијата е глобален предизвик со долготраен ефект кој засегнува многу друштва и национални групи. Во контекстот на Република Северна Македонија, Ромската заедница е особено подложна на сиромаштија, со сериозни последици за човековото достоинство на нивните членови. Оваа колумна ја разгледа врската помеѓу сиромаштијата и човековото достоинство кај Ромите во земјата се обидува да ја истражи и анализира динамиката помеѓу сиромаштијата и човековото достоинство кај Ромите во земјата. Кога зборувам за сиромаштијата кај ромската заедница во Република Северна Македонија се однесува на состојбата или условите на сиромаштија и беда во кои живее мнозинството од националното ромско мнозинство во земјата. Ова вклучува недостаток на основни економски, образовни и здравствени можности, недостаток на пристап до пристоен живот, водоснабдување, санитарни услови, стабилни работни места и социјална заштита. Освен тоа, сиромаштијата во ромската заедница често е придружена со дискриминација, стереотипи и социјална изолација, што дополнително ја влошува нивната тешка состојба. Сиромаштијата е проблем со далекосежни последици, а најтешко погодени се Ромите во Република Северна Македонија. Во оваа. Целта е да се разбере како сиромаштијата го наведува човековото достоинство во опасност и како може да се работи за преодолување на овој сериозен предизвик. Колумната се обидува низ неколку општествени процеси да образложи зошто сиромаштијата го гази човековото достоинство на Ромите во Република Северна Македонија.

Голем дел од ромската заедница во Република Северна Македонија живее во недостаток на основни услови за живот како вода, канализација и пристоен живот. Тоа доведува до физичка и психичка нездрава состојба, зголемен ризик од болести и физички здравствени проблеми. Бидејќи сите луѓе заслужуваат основни услови за живот, сиромаштијата ги нагризува темелите на човековото достоинство.

Децата Роми се соочуваат со ограничен пристап до образование поради бројни општествени фактори, вклучително и социјалните, економските и културните пречки. Недостатокот на образование ги остава без важни знаења и вештини, што ги спречува да најдат стабилни работни места и да го развијат својот потенцијал. Оваа состојба ги изолира од позитивните економски и социјални можности и го ограничува нивниот развој и достоинство.

Ромската заедница често е изложена на дискриминација и социјална изолација. Тоа доведува до чувство на маргинализација и безвредност, што значително влијае на човековото достоинство. Дискриминацијата во областа на работата, образованието и здравството дополнително ги загрозува правата и вредностите на Ромите.

Многу Роми во Република Северна Македонија живеат во објекти за домување кои не се доволно хигиенски или супстандардни. Ова може да генерира здравствени ризици како што се ширење на болести и инфекции, а со тоа да влијае на здравствената состојба на членовите на заедницата и дополнително да ги изложи на дополнителни медицински трошоци. Недостигот на соодветно домување може да влијае на образовниот пристап на децата Роми. Неуредните услови за живеење може да предизвикаат недостаток на концентрација, недостаток на приватно место за учење и спиење и генерално може да го ограничат образовниот напредок. Заедниците со лоши услови за домување често имаат ниски нивоа на приходи. Со тоа што нема да им се обезбеди пристоен живот, нивната финансиска состојба може дополнително да се подобри и да се создадат циклуси на сиромаштија. Лошите услови за домување често доведуваат до недостаток на можности за стабилни работни места и економска автономија. Ромите кои живеат во неправилни услови за домување често се соочуваат со социјална изолација и дискриминација. Стереотипите и предрасудите за заедницата се засилуваат кога се знае дека тие живеат во несоодветни услови, што влијае на нивното достоинство и можностите за интеграција во општеството.

Државниот завод за статистика, врз основа на податоците од Анкетата за приходите и условите за живеење, која се спроведува во согласност со препораките на Европската Унија, ги пресмета Лаекенските индикатори за сиромаштија за 2020 година. Основа за пресметките на сиромаштијата се приходите, а прагот на сиромаштијата е дефиниран на 60 % од медијалниот еквивалентен приход. Според податоците, во 2020 година, стапката на сиромашни лица во Република Северна Македонија изнесуваше 21.8 %. Анализирано по типови домаќинства, стапката на сиромаштијата на домаќинствата составени од двајца возрасни со две издржувани деца во 2020 година е 20.7 %. Според најфреквентниот статус на економската активност, стапката на сиромашни вработени лица е 7.9 %, додека стапката на сиромашни пензионери е 7.0 %. Коефициентот на Џини (мерка за нееднаквоста во распределбата на приходите) изнесува 31.4 %[1].

Сиромаштијата го гази човековото достоинство на Ромите во Република Северна Македонија на многу начини. Недостатокот на основни животни услови, ограничен пристап до образование и дискриминацијата штетат на физичката, емоционалната и социјалната состојба на оваа заедница, а го ограничуваат и нивниот потенцијал за развој и интеграција во општеството. Владата треба да има целосен и глобален пристап кон проблемите со сиромаштијата кај Ромите и да се посвети на подобрување на нивните услови за живот, образование, здравство и економска поддршка. Таа исто така има одговорност и законска обврска да ги заштити и подобри условите на ромската заедница и да ги спречи негативните последици од сиромаштијата врз човечкото достоинство. Таа преку одредени активности и мерки што може да ги преземе треба или поточно речено мора да го подоби на статусот и квалитетот на животот на Ромите.

Владата мора да биде свесна и да инвестира во подобрување на инфраструктурата во ромските населби. Ова вклучува обезбедување чиста вода и санитација, подобрување на условите за домување и животна инфраструктура.

Владата мора да инвестира во програми за подобрување на условите за домување на социјално загрозените семејства, кај ромските заедница. Ова може да вклучува рехабилитација на стари станови, изградба на станови со пристапни цени и програми за интеграција на станови.

Владата треба да креира и спроведе програми и иницијативи за подобрување на пристапот на децата Роми до квалитетно образование. Заштитните мерки како што се наставниците и програмите за поддршка на учењето треба да им бидат достапни на децата Роми за да се намали образовната нееднаквост. Таа исто така мора да создаде програми за поддршка на вработувањето и обуката на волонтерско и образовно ниво. Овие програми можат да им помогнат на социјално загрозените семејства, вклучително и ромските семејства, да најдат стабилни работни места и да ги подобрат своите економски можности.

Владата треба да ги зајакне своите напори за борба против дискриминацијата и стереотипите кон ромската заедница. Примената на законите и политиките кои ја спречуваат дискриминацијата и го штитат правото на еднаков третман треба да биде приоритет.

Таа треба да обезбеди непречен пристап до квалитетна здравствена заштита за Ромите. Здравствените програми треба да бидат достапни и прифатливи за сите членови на ромската заедница. Обезбедувањето бесплатни или субвенционирани здравствени услуги и програми за здравствена едукација може да ги подобрат здравствените услови на овие семејства.

Владата може да креира програми за економска поддршка и обука за работа на Ромите. Ова може да помогне да се зголеми вработеноста и економската автономија на Ромите.

Владата може да креира и спроведува социјални програми кои ќе обезбедат финансиска поддршка за социјално загрозените семејства од ромските семејства. Ова вклучува социјална помош, стипендии и директни инвестиции во семејства за подобрување на нивниот економски статус.

Владата може да соработува со невладините организации (НВО) и локалните заедници за да идентификува и администрира програми и мерки за поддршка на социјално загрозените семејства кај Ромите. Ова ќе обезбеди програмите да се прилагодат на специфичните потреби на заедниците. Во синергија со соработка со меѓународни донатори, невладини организации и локални институции, Владата на Република Северна Македонија може да го подобри статусот и достоинството на Ромите во земјата.

Ова е сложен предизвик, но со социјални и економски програми и мерки може да се постигне значително подобрување на условите за Ромите. Клучно е да се вклучат претставници на ромската заедница во развојот и спроведувањето на политиките и програмите што ги засегаат. Соработката со ромската заедница ќе гарантира дека мерките се реални и приспособени на нивните потреби и очекувања.

Сосема на крајот дозволете да резимирам. Сиромаштијата како главен предизвик го става човечкото достоинство на Ромите во Република Северна Македонија под огромен знак прашалник. Социјална и економска изолација, недостаток на основни услуги и дискриминација се само дел од негативните последици кои произлегуваат од сиромаштијата. Сепак, постои надеж за подобрена иднина доколку се преземат соодветни мерки и програми за поддршка на ромската заедница.

Владата и општеството како целина треба да се ангажираат во создавање подобри услови за живот, образование, здравство и економска поддршка за Ромите. Преку инвестиции во инфраструктура, социјални програми, борба против дискриминација и соработка со ромската заедница, сиромаштијата од пречка можеме да ја претвориме во можност за напредок и интеграција.

Ромите се важен дел од македонското општество, а нивната рамноправна интеграција и успешно надминување на сиромаштијата ќе го зголеми богатството на различности во земјата. Ако ги примениме човечкото достоинство и социјалната правда како наша главна цел, можеме да создадеме чесна и исклучително силна Република Северна Македонија за сите нејзини граѓани.

Самет Скендери, InSoC и дел од Мрежата за системски и трајни решенија

 

[1] Државен завод за статистика Соопштение: Лаекен индикатори за сиромаштијата, 06.05.2022   Лаекенски индикатори за сиромаштијата во 2020 година - дефинитивни податоци

Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија во рамки на ИПА-проектот „Активација на ранливи групи на пазарот на труд“ финансиран од Европската Унија, на ден објавува

ЈАВЕН ПОВИК

до невработени лица за вклучување во мерката

3.3 Обуки за побарувани занимања на пазарот на труд

Се повикуваат евиденираните невработени лица:

  • корисници на ГМП (гарантирана минимална помош),
  • жени,
  • Роми,
  • млади до 29 години,
  • лица со попреченост и
  • долгорочно невработени лица

кои се заинтересирани за учество во мерката „Обуки за побарувани занимања на пазарот на труд“, да се пријават во работните клубови на Центрите за вработување на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, каде редовно се евидентираат како невработени лица, секој работен ден од 09:00 до 14:00 часот.

Обуките ќе се спроведуваат од страна на верификувани спроведувачи на обуки, а се однесуваат на следните занимања и градови:

  1. Обуки за побарувани занимања со услов – лицето да има завршено минимум основно образование:
  2. Негувател/ка на стари и немоќни лица – Скопје, Тетово, Штип, Кочани;
  3. Асистент за нега на лица со Алцхајмерова болест – Скопје, Штип, Неготино;
  4. Асистент за нега на лица со мултиплекс склероза – Штип;
  5. Маникир  – Скопје, Тетово, Битола, Штип;
  6. Фризер – Скопје, Куманово, Тетово, Штип;
  7. Козметичар – Скопје, Тетово, Битола;
  8. Шминкер – Скопје, Штип;
  9. Масер – Скопје, Тетово, Штип;
  10. Слаткар – Скопје;
  11. Готвач – Скопје;
  12. Пекар – Скопје;
  13. Изработувач и монтажер на плочест мебел – Тетово;
  14. Автомеханичар – Скопје, Тетово;
  15. Службеник во сметководство – Штип, Кавадарци
  16. Оператор за компјутерски системи и мрежи – Куманово

Б.  Обуки за побарувани занимања со услов – лицето да има завршено минимум средно образование:

  1. Службеник за сметководство – Скопје, Тетово, Битола, Штип, Куманово;
  2. Монтер и сервисер на фотоволтаични панели – Штип;
  3. Аргон заварувач – Штип;
  4. МИГ МАГ заварувач – Тетово;
  5. Оператор/Ракувач на ЦНЦ машини – Штип;
  6. Дијагностичар на мехатронички системи – Тетово;
  7. Дигитален маркетер – Битола, Скопје;
  8. Оператор за поддршка на компјутерски системи и мрежи – Битола;
  9. Оператор за изведба и одржување на компјутерски мрежи – Штип;
  10. Парамедик-Давател на итна медицинска помош – Штип;
  11. Оџачар – Штип
  12. Бравар – Тетово
  13. Металостругар – Тетово
  14. Оператор на ЦНЦ машина - Тетово

Обуката ќе се реализира во период од 2 (два) месеци, а по завршување на истата кандидатите ќе изведуваат секојдневна практична работа во реални услови кај работодавачи во времетраење од 1 (еден) месец. Доколку спроведувачите на обука се приватни компании (работодавачи), практичната работа во времетраење од 1 (еден) месец може да се изведува кај истата приватна компанија (работодавач).

Лицата вклучени во обуките ќе добијат месечен бруто надомест во висина од 9.000,00 денари, со вклучено осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионалнa болест и данок на личен доход за времетраењето на обуката.

Невработените лица кои ќе ја завршат обуката, практичната работа и успешно ќе го положат предвидениот испит, ќе се стекнат со Сертификат издаден од верификуваните спроведувачи на обука пропишан од Министерство за образование и наука.

Вклучените евидентирани невработени лица кои се корисници на гарантирана минимална помош или користат право на парична помош од социјална заштита или паричен надоместок, за времетраење на обуката не го губат ова право.

Условите, правата и обврските ќе бидат уредени со склучување на договор помеѓу Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија и селектираните кандидати.

Обуките ќе се спроведат доколку има доволен број на пријавени кандидати, кои ги исполнуваат условите наведени во Јавниот повик.

При селекција на пријавените кандидати во обуките предност ќе имаат невработени лица кои претходно не биле вклучени во оваа мерка.

Заинтересираните невработени лица може да го изразат својот интерес и/или да поднесат поднесат Пријава во Центарите за вработување, секој работен ден од 09:00 до 14:00 часот, до исполнување на предвидениот опфат.

Детални информации може да се добијат во работните клубови на 30-те Центри за вработување, на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, контакт телефонот 02-3111-850, веб страната www.av.gov.mk, како и во ИПА-канцеларијата на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

Овој повик е со важност од 06.09.2023 до 29.09.2023

АГЕНЦИЈА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА 

РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

 

 

МВР распиша оглас за обука и работна позиција – полицаец, но има и посебни услови!

Министерството за внатрешни работи денеска (10.08.2023 год.) објави јавен оглас за засновање на работен однос на 600 извршители на работно место полицаец, согласно своите организациски потреби, како и согласно одредбите од законите за внатрешни работи и за полиција, и соодветните подзаконски акти.

Имено, за работната позиција полицаец во Секторот за внатрешни работи Скопје се бараат 300 извршители, во Секторот за внатрешни работи Охрид се отворени места за 100 извршители, прием за 30 извршители е овозможен во Секторот за внатрешни работи Тетово, по 20 во секторите за внатрешни работи во Струмица, Куманово, Штип, во Одделот за заштита на определени личности и објекти, како и во Регионалните центри за гранични работи Север и Запад. По 15 извршители се бараат во секторите за внатрешни работи Битола и Велес, а по 10 извршители во регионалните центри за гранични работи Исток и Југ.

Покрај општите услови наведени во огласот, кандидатите треба да исполнуваат и посебните услови, и тоа потребна телесна висина од најмалку 175 см (мажи), 165 см (жени) и висока лична физичка подготвеност, диплома за завршено четиригодишно средно образование, како и своерачно потпишана изјава со која потврдува дека истиот не е член на политичка партија или член на органи и тела на политичка партија.

По спроведената постапка за селекција, која опфаќа административна селекција на поднесената документација, проверка на моторички способности (за мажи: најмалку 9 „склекови“ во интервал од 10 секунди, најмалку 16 „стомачни подигања“ во интервал од 30 секунди, „скок во далечина од место“ со минимална должина на скокот од 220см, „спринт на 20 метри“ за најмалку 3,35 секунди, „спринт на 100 метри“ за најмалку 15 секунди и „трчање на 1500 метри“ за најмалку 5,25 минути и за жени: најмалку 6 „склекови“ во интервал од 10 секунди, најмалку 12 „стомачни подигања“ во интервал од 30 секунди, „скок во далечина од место“ со минимална должина на скокот од 160см, „спринт на 20 метри“ за најмалку 3,50 секунди, „спринт на 100 метри“ за најмалку 18 секунди и „трчање на 800 метри“ за најмалку 3 минути, и други физички проверки определени од страна на Комисијата), потоа тест за интегритет и психолошки тест, општо-образовен тест, интервју, безбедносна проверка и здравствени прегледи.

Избраните кандидати за полицаец склучуваат договор за основна обука за полицаец во времетраење од една година, која ќе се спроведе во Центарот за обука во Министерството за внатрешни работи и на неа се упатуваат за 10 проценти поголем број кандидати за полицаец од бројот на слободни места за кои е распишан овој оглас, односно во Центарот за обука ќе бидат упатени вкупно 660 кандидати.

Рокот за доставување на пријавите изнесува 15 дена, сметано од наредниот ден од денот на објавување на јавниот оглас, не сметајќи го денот на самото објавување. Ненавремената и непотполна документација нема да се разгледува. За повеќе информации посетете ја веб страницата за овој оглас - https://mvr.gov.mk/vest/27601

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 124 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот