Sport

Трагедија: Во сообраќајна несреќа почина еден од најпознатите шпански фудбалери со ромско потекло Хозе Антонио Рејес!

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Севиља, Арсенал и Атлетико Мадридго загуби животот во сообраќајна несреќа со својот автомобил.

Екс шпанскиот репрезентативец имаше 35 години и беше доста популарен меѓу фудбалските фанови. Познато е дека Рејес имаше ромски корени !
Тој се движел по автопатот A-376, потоа излетал од патот, а смртта била предизвикана од запалениот автомобил.

На само 16 години, Рејес дебитираше во дресот на Севиља. За 30 милиони во сезоната 2003/04 се пресели во Арсенал со кој ја освои Премиер лигата, ФА Купот и Комјунити Шилд трофејот.

Се врати во родната Шпанија како позајмен фудбалер во Реал и беше еден од клучните играчи за освојувањето на трофејот во Примера. Потоа кариерата го однесе во Атлетико Мадрид и Бенфика, а заврши во Екстрамадура која ја спаси од испаѓање од Сегунда.

Несреќата се случила во неговиот роден град Утрера кој се наоѓа во Андалузија. 

Били Џо Саундерс го победи Шефат Исуфи и ја освои светската титула во супер-средна категорија

Били Џо Саундерс го крена ромското знаме со освојување на светската титула во супер-средна категорија во бокс.

Тој доаѓа во долга листа на боксер вклучувајќи ги Хенри Купер, Џипси Џони Франклин, Тајсон Фјури - и многу други.

Поранешниот првак во WBO во средна категорија се приклучи на листата на дводелни светски шампиони во доминантен стил, прикажувајќи различни перформанси и елегантно движење.

Судиите борбата ја оценија со 120-108, 117-111, 118-110 во корист на англискиот Ром.

Во спомен на атлетскиот великан Ромот Мемо Сулејманов

Во среда (3 април) во 12,30 часот ќе биде отворена изложбата „Мемо Сулејманов - македонски атлетски рекордер“.
Ќе бидат презентирани музејски предмети кои го формирале фондот на Мемо Сулејманов во Историскиор оддел на Музејот на Македонија од збирката за Физичка култура и спорт.
Мемо Сулејманов е роден во 1926 година во Велес.

Иако не го познаваат голем број спортисти, особено помладите генерации, Сулејманов Мемо е секако основоположник на маратонското трчање во Македонија. Во годините непосредно по Втората светска војна, Сулејманов настапувал во дисциплините на средни долги патеки. Како долгопругаш бил сопственик на сите рекорди во дисциплините од 3000 метри до маратонот.

На Државното поединечно првенство на Југославија, одржано на 23-24 август 1946 година, Мемо Сулејманов го освоил II место со резултат 2:47. Пласманот во оваа трка недвосмислено потврдува за квалитетите на овој атлетичар не само во рамките на Македонија, туку и во тогашните југословенски простори.

Во 1949 година, од страна на првиот спортски весник во Македонија “Спортски глас”, бил направен првиот избор на најдобрите спортисти во Македонија. Во спроведената анкета од читателите, во најдобрите 10 спортисти, Мемо Сулејманов го освоил седмото место.

Мемо Сулејманов ќе остане запаметен како атлетичар кој настапуваше бос, без спринтерици. По завршувањето на неговата долга и богата спортска кариера, на сите позначајни спортски манифестации доаѓаше во улога на фоторепортер. Сите сакаа да бидат фотографирани од него. 

Мемо Сулејманов, поради тоа што беше Ром и поради потемната боја на кожата меѓу спортистите го имаше и популарниот прекар „Африканец“. На меѓународниот митинг во Белград, на стадионот на ЈНА во 1949 година, бурно беше поздравен од гледачите кои мислеа дека е тркач од Африка.

Почина на 58 годишна возраст во 1984 во Скопје.

Тајсон Фјури: Вајлдер и Џошуа можат само да ми ги носат торбите

Тајсон Фури сè уште сака реванш против Дионтеј Вајлдер и инсистира на тоа дека тоа треба да се случи. Но, Фјури нема да пати ако пак не се сретнат во рингот, бидејќи по првата борба се чувствува како победник.

Тие се бореа минатата година, при што средбата заврши нерешено. Беа блиску до втора битка, но не се договорија и сега имаат нови противници. Тајсон ќе се бори во јуни против Том Шварц, а Вајлдер во мај со Доминик Бризил. Фјури се надева дека ќе има реванш меч по нивните борби.

Во неодамнешно интервју рече дека не бил импресиониран од Вајлдер и Џошуа и дека можеле само да му го носат багажот.

„Кога и двајцата ќе се борат и ќе изгубат, ќе ги ангажирам да работат за мене. Јасно е дека немаат многу ментален капацитет. Ќе ги најмам кога ќе ги потрошат пари. Ќе се борам на 15 јуни во Вегас“. напомена Тајсон Фјури

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 566 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот