Како и секоја година така и оваа се одржува престижната културна филмска манифестација „Златно Тркало„ Овој пат тоа се тркала по 22-ри пат во организација на СП БТР.
Фестивалот својата активност ја започна уште во месец март во сорабтка со неколку основни училишта и организираше работилници со најмладите во насока на љубов кон филмската уметност, и реализација на еднминутни видеа, кои ќе бидат прикажани за време на свечениот церемонијал на доделување на овгодишните награди за најуспешните филмски стварувања со ромска тематика или пак од ромски автори.
Свечениот момент на доделување на награди ќе биде на 4 Април во МКЦ Кино Фросина со почеток од 18 часот исто така богата филмско музичка програма.
Инаку за наградите оваа година во конкуренција се 12 филмови од 9 држави.
Филмовите се на репертоар на филмската програма од 01 април до 04 Април во Кинотека на Македонија.
А во рамките на активностите исто така во Кинотека на Р.С.Македонија ќе има Ревија на филмови на СП БТР Продукција и сорабтниците
- „Атомската мравка„ Ал САТ Продукција
- „Пожарникарот Муци„ – Студио 7
- „Локални Херои – Светски таленти„ СП БТР
- „Живот на крстопат„ – СП БТР
- „Небо Точак Земја„ – СП БТР