Нова страница во политичкото и општествено ангажирање на Ромите во Македонија Фондацијата Ромите за демократија „Добро за Ромите, добро за Северна Македонија“

Во организација на Фондацијата Ромите за демократија – членка на пан-Европската мрежа на новоформираната Фондација Ромите за Европа, со посебна улога да го унапреди политичкото учество на Ромите, во саботата се одржа настанот „Добро за Ромите, добро за Северна Македонија“.

Извршната директорка на Фондацијата Ромите за демократијата Селвије Мустафа Алкан заедно со водителот и уредник на   емисијата „Политички контрапункт„ Андријано Џеладин на отворањето на настанот истакнаа дека тој е организиран за да се афирмираат културните, социо-економските и демократски придонеси на Ромите во нашата држава. „Наша цел е да ја изразиме колективната волја и клучните приоритети преку креирање на заедничка визија, пристап и иницијатива за идната нова ромска политика за нови реални позитивни промени и ќе улествува во подобрувањето на демократијата во нашата држава“, нагласи Селвије Мустафа Алкан.

Основачот на Фондацијата Ромите за демократија, Менсур Халити порача дека Ромите мора да одат напред и да градат широки коалиции.

„Најлесно е да ја обвиниме ЕУ и националните влади за нашата состојба. Од друга страна, најлесно би било на нас и на државата да се осудуваме меѓусебно за нашата состојба. Вистината е некаде на средина. И ние и државата треба да работиме подобро и поинаку за да живееме попросперитетно. Ние како фондација го направивме својот избор. Рековме дека без оглед на тоа што сега имаме повеќе непријатели отколку што сме имале пред 20 години, и имаме многу помалку пријатели кои заеднички ќе се борат со нас да ја промениме својата ситуација, ние мораме да одиме напред и да градиме пошироки коалиции, кроссектори, приватен и јавен сектор и меѓународна заедница како коалиција за промени за да можеме да осигураме нашата благостостојба“, изјави Халити.

Тој додаде дека националните влади на Западен Балкан треба да ги користат политичките шанси кои се пред нив и да сфатат дека политиката на омраза и политика на разединување и политика која се базира на лаги не им е од помош на фрустрацијата која ја чувствуваат Ромите.

„Не велам дека сите други на Балканот, вклучително и Македонија живеат подобро, но велам дека ние диспропорционално живееме полошо, не сме сите еднакво сиромашни и немаме сите еднакви шанси да направиме прогрес за себе и за своето семејство, заедницата и да придонесуваме во државата во која живееме. Националните влади имаат три големи политички шанси. Го имаат Отворен Балкан, зелената агенда за Балкан, и го имаат новиот план за развој. Сите овие се значајни политички шанси кои ако се искористи демографскиот и човечкиот потенцијал кои ромите ги имаат, да се зајакне културниот придонес на ромите, и економскиот потенцијал на ромите. Тогаш нашата заедничка иднина апсолутно има смисла. Тоа е пат во кој ние веруваме дека може да биде добар и за ромите и за Македонија и за Западен Балкан и за ЕУ“, заклучи Халити.

И во обраќањата на останатите лидери на Ромите кои зедоа учество на овој настан се препозна исцртувањето на новиот стратешкиот пат кон напред, препознавајќи ја внатрешната врска помеѓу просперитетот на Ромите и благосостојбата на македонското општество во духот на насловот со кој се организираше овој настан -„Добро за Ромите, добро за Северна Македонија“

„Ние сме толку силни кога сме обединети колку што сме слаби кога сме поделени“, со оваа мисла го започна својот говор Фатима Османовска, претседателка на Општинскиот Совет на Шуто Оризари и истакна дека треба да продолжи борбата против дискриминацијата на Ромите со којашто сѐ уште се соочува оваа заедница.

Низ презентацијата на учесниците на настанот „Добро за Ромите, добро за Северна Македонија“ беа истакнати и досегашните придобивки од активностите и иницијативите на Ромскиот образовен фонд, од Иницијатвивата за економски развој на Ромите (РЕДИ), од Европскиот ромски институт за уметност и култура, како и од некои други од Стратегијата за инклузија на Ромите.

На настанот присуствуваа и претседателот на СДСМ и поранешен премиер Димитар Ковачевски, првиот вицепремиер задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ и дополнителната заменичка министерка за труд и социјална политика Јована Тренчевска.

Во вториот дел од настанот „Добро за Ромите, добро за Северна Македонија“ беше одржан концертот на Roma: The Force Of Nature, насловен „Хармонизирање на нациите: Ромите- пулсот на единството на Западен Балкан“, со композиции и аранжмани на Бекир Халити.

 

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 1205 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот