Шутка NEWS

Почина легендарниот Рефет Сулејман, познат како Папо Алфонсо

По долга и тешка болестна 8 Август 2019 во својот дом во Шуто Оризари - Скопје на 87 годишна возраст почина Рефет Сулејман, кој во јавноста беше познат како Папо Алфонсо.

Инаку Рефет меѓу народот беше познат по својата ведрина, и покрај годините по својата виталност и љубимец на сите генерации. Беше позната градска фаца и неговото дружење со сите генерации.

Инаку истовремено поради неговиот ведар и насмен дух имаше и неколку актерски улоги на ТВ и играни филмови, како и на разни спотови и реклами.
Започна во еден хумористичен серијал на ТВ БТР заедно тимот на Ајгара Бенд, како и во повеќе хумористични театарски перформанси.
Истовремено играше мали епизодни улоги во филмовите на Емир Кустурица - „Црна Мачка - Бел Мачор„, „Шампионите од Шутка„ како и протагонсит во неколку видео музички спотови и реклами.

Неговите кафе другарувања во центарот на градот често беа скоро секојдневие, и затоа беше забележан и покрај годините со неговот стандардно бело одело и прераскажувањата кои ги доживеал за време на неговите патувања низ Европа.

Неофицијално: Жената која беше најдена во црна вреќа, е жител на Шуто Оризари на околу 30 годишна возраст

Траги на насилство биле забележани на женскиот труп кој вчера беше пронајден во скопско Горно Оризари.
Некои медиуми пишуваат дека жената (девојката) најдена во црна пластична кеса била убиена, ставена во кесата, па фрлена покрај патот.
Како што се дознава неофицијално од извори од истрагата, се работи за насилна смрт, а на нејзиното тело имало повреди од удари.

Телото на починатата девојка од местото каде што било фрлено, со наредба на јавен обвинител е предадено во Институтот за судска медицина и криминалистика во Скопје. Откако ќе биде направена обдукција, ќе се знае од што точно починала, како и дали сторителот кој што ја убил оставил траги кој можат да ги донесат надлежните до него.

Инаку неофицијално засега станува збор за жителка од Шуто оризари и е на околу триесетгодишна возраст.

Од МВР информираа дека случајот во полиција го пријавил вработен во јавното скопско претпријатие Комунална хигиена додека патувал кон селото Горно Оризари, скопско.

Официјално Асан ферат претседател на ОО СДСМ - Шуто Оризари

Изминатиов викенд се одржа состанок каде ОО на СДСМ го одбра новот општинско раководство. . Овој општински огранок покрај другите членови официјално го одбра Асан ферат за нејзин Претседател.

Покрај овој состанок беа одбрани и претседателите на младинскиот огранок на СДСМ и воедно женскиот форум како генерален секретар и извршен одбор.

Во следниот период ќе биде отворена и канцеларија на овој огранок кој ќе стартува со работа.

Од огранокот ги повикуваат сите заинтересирани кои сакаат да бидат дел од СДСМ сите образовани и млади кафри ромската жена како и средношколци и студенти, како и авторитети кои значат нешто во развојот на општината Шуто Оризари.

Во Шуто Оризари пуштеново употреба полициско одделение

По уредување на имотно-правните односи од страна на Општина Шуто Оризари и во соработка со Министерството за внатрешни работи за прв пат се пушти во употреба новото полициско одделение.

По предавање на рапортот на Министерот Оливер Спасовски од страна на Командирот на Полициското Одделение г-ин Ќиро Грнчарски, Градоначалникот Курто Дудуш во придружба на Министерот Спасовски  го разгледаа новиот објект и одржаа состанок со

Министерот Спасовски во своето излагање истакна дека обврска на државата е да создаде услови за безбедна средина.

,, Врската меѓу граѓаните и полицијата долго време беше раскината, со што се јави недоверба кон институциите. Повеќе пати сум бил во Шуто Оризари, но сега се чувствува промена во повеќе области, со што се создава слика за модерна  и урбана Општина. МВР инвестираше повеќе од 2 милиони денари за овој објект, бидејќи превенцијата е важна за граѓаните.

Сега треба да мотивираме млади луѓе, кои ги исполнуваат условите да се грижат за безбедноста во својата заедница. Честитки за одлуката за формирање на Совет за превенција, и благодарност за поддршката и иницијативата до советниците, невладините организации и граѓаните ”. – истакна министерот Спасовски.

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 114 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот