Навршуваат 3 години од Кралицата на Ромската музика – Есма Реџепова Теодосиевска

Во 2016 на денешен ден кога зпрестана да чука срцето на една од најголемите великани на Ромската музика и песна Есма Реџепова Теодосиевска, остави една празнина кај самите луѓе.

Име кое на секој меридијан го величеше ромскиот идентитет.

Есма Реџепова е родена во Скопје, 8 август 1943  а почина во Скопје, 11 декември 2016). Таа е позната македонска пејачка и хуманитарка. Нарекувана е Кралица на Ромската музика во светски рамки. Во 2013 г. ја доби престижната титула Национален уметник на Република Македонија.

Есма досега „излажала“ многу народи. Кога пеела во Шпанија мислеле дека е шпанска Ромка. Во Русија „малку го згрешила акцентот“, па публиката помислила дека е од Узбекистан. Во Келн публика од 20.000 гледачи занемела пред нејзиниот глас. Во концертната сала завладеала апсолутна тишина како никогаш дотогаш.

Есма Реџепова сними и објави повеќе од 580 песни, меѓу кои и две платина и осум златни дискови. Изврши повеќе од 22.000 концерти, од кои една третина се одржаа за добротворни цели. Со Ансамблот Теодосиевски сними 108 синглови, 32 компактни касети, 15 дискови, шест видеокасети и бројни телевизиски емисии.

Реџепова најмногу пееше на ромски и македонски, но исто така сними песни на српскохрватски, турски, хебрејски, грчки и хинди. Реџеповите песни често зборуваат за љубов, тага и брак. Една од нејзините најпознати песни наречена Чаје Шукарие стана химна за сите Роми насекаде низ светот.

Есма често пееше традиционални песни, и ромски и македонски, но многу од нив се и композиции. Теодосиевски вообичаено составува и уредува песни, но Есма составува и некои песни, вклучувајќи ги и Чае Чукарије. Таа, исто така, ги кореографираше настапите.

И после 3 години сеуште нема разврска со имотот и куќата кој треба да преставува Музеј на хуманоста и музиката. Таа процедура е сеуште без судска разврска.

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Mangava te vakerav

Momentalno Online

       Isi 154 misafirija so dikhena o ROMATIMES.NEWS

Golden Wheel - Entry Application Form

o Vakti

 booked.net

Majpopularno

Flag Counter

Amaro brojači genjela taro 13.01.2019
Gejnela isto manuša tari koja phuv drabarena amaro portali
Majtele isi sa-ko-sa kozom dikhle o portali