Во Бугарија дискриминација на Ромите од страна на електро ЧЕЗ

Чешкиот електро - енергетски гигант ЧЕЗ ги дискриминира Ромите од Бугарија затоа што струјомерите ги поставува високо за да не можат да се допрат, додека на останатите потрошувачи струјомерите имсе монтирани на висина од 1.7 м предупреди Судот на Правдата од ЕУ со седиште во Луксембург.

 

На ЧЕЗ во 2008 година од страна на една Бугарка од градот Дупница, инаку сопственик на еден дуќан во населба каде претежно има голем број на Роми, им беше поднесена тужба.   

Во тужбата беше наведено дека пракса на ЧЕЗ  во периодот 1990 до 2000 година донесе одлука, дека во населбите каде има Роми струјомерите да бидат поставени на висина од 6 до 7 метри, додека на другите места каде нема Роми струјомерите ги поставуваат на место каде е возможен директен пристап, за да се провери потрошувачката. Чешката компанија се правда пред судот тоа го сторила поради честата кражба на електрична енергија, оштетување на струјомерите и манипулација со информациите за потрошената енергија.

Бугарскиот суд се обрати за мислење до Судот на правдата на ЕУ, и добил одговор дека праксата на ЧЕЗ е дискриминаторска кон Ромите, и дека доколку и станувало збор за кражба на електрична енергија., дистрибутерот и државата потребно е да најдат друг начин тоа да го спречат.

 

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Mangava te vakerav

Momentalno Online

       Isi 73 misafirija so dikhena o ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Majpopularno

Flag Counter

Amaro brojači genjela taro 13.01.2019
Gejnela isto manuša tari koja phuv drabarena amaro portali
Majtele isi sa-ko-sa kozom dikhle o portali