Во борбата со сиромаштијата, родителите не им посветуваат доволно време на децата

Во годишниот СОС извештај на првата детска амбасада во светот „Меѓаши“се вели дека, оваа година најголем проблем за дојавуачите на СОС телефоните е сиромаштијата. Во борбата со сиромаштијата, родителите да не им посветуваат секогаш доволно внимание на сопствените деца. 

„Децата пак гледајќи ја ова ситуација сметаат дека тие се должни да му помогнат на смејството, дека мораат да заработуваат и егзистенцијата ја обезбедуваат најчесто со препродавање најразлични ситнуриии, собираат пластика, хартија и така натаму.

Во некои случаи питачат и со тоа се зголемува можноста да станат жртви на најтешки форми на злоупотреба. Овие деца иако имаат желба да се образуваат и да имаат детство како своите врсници сиромаштијата ги прави да се чувствуват инфериорно и  различни од другите деца. Најчесто мислат дека немаат избор и дека нивната судбина е гола борба за егзистенција,“ се вели во заклучокот на СОС извештајот.

Тие советуваат дека децата е потребно да се чувствуват заштитено, разбрано и прифатено. Неопходно е  да  се научат полесно да ги препознават своите чувства и да се охрабрат за зборуват за нив.

Родителите постојано треба да се во комуникација со своите деца и тоа е единствениот начин да знаат што им е потребно и како се чувствуват, со цел подобро да функционираат  да се избегнат сите непријатности.

Со цел намалување и превенција на агресијата и насилството потребна е сензибилизација на родителите (возрасните) и децата за начините на меѓусебна комуникација, стекнување на вештини за ненасилно решавање на конфликти, развивање на вештини за меѓусебна толеранција, емпатичност и воведување на мировно образование во училиштата.

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Mangava te vakerav

o Vakti

 booked.net

Majpopularno

Flag Counter

Amaro brojači genjela taro 13.01.2019
Gejnela isto manuša tari koja phuv drabarena amaro portali
Majtele isi sa-ko-sa kozom dikhle o portali