Денес (30 јануари 2019) во Брисел во Европскиот Парламент ќе се одржи редовна Пленарна сесија на европратениците. Во рамките на таа сесија истовремено ќе се одржи настан кој ќе се одбележи и денот на Сеќавање на Холокасутот.
Важно е да се истакен дека токму од Претседателот на Европскиот Парламент, г-дин Антонио Тајани беше поканет и Претседателот на Интернационалната Ромска Унија -ИРУ г-дин Зоран Димов како и потпреседателот на ИРУ Анатолиј Бутаков. Тие ќе земат учество и воедно ќе ја престават и Стратешката Рамка подготвена од ИРУ, како и донесените Стратепки резолуции исто така донесени од ИРУ.
Воедно ќе се одржи и средба помеѓу претседателите на ЕП и ИРУ и ќе се разменат мислења за понатамошна заедничка соработка.
Во рамките на одбележување на сеќавање на Холокасутот Димов ќе има можност за свое кратко излагање во чест на овој ден.
Инаку за време на овој настан има најави и за кратки билатерални средби помеѓу високото раководство на ИРУ и со други сотанати функционери од оваа европска институција.