Пирло, Ибра, Кварезма: Ромска репрезентација која би била светски првак!

На малкумина им е познато дека Неста, Рејес, Навас, Жињак и Лука и поранешните фудбалски звезди Кантона, Стоичков, Хаџи, Ливерани, Асановиќ, Лакатуш се со Ромско потекло ?

 

Со години наназад сме читале често информации, кои фудбалски звезди на овој или оној начин за време на своите активни кариери, не земале учество на Светско или друго поголемо првенство? Но сепак малкумина се занимавале со тоа да се состави најдобра репрезентација на фудбалери од Ромска националност.

Еве ги :

На позицијата голман би бил голамот на Виљареал Серхио Асењо. Одбраната на оваа ромска репрезентација би била „ послаба точка„ со факт дека на неа би фигурирало само едно познато светско име Алесандро Неста, поранешен италијански репрезентативец и фубалер на Милан каде актуелно сеуште игра во САД првенството во тимот на Монтреал. На бековските позиции би биле помалку познатите Банела Николиту и Вилмос Вашнак. Николиту игра за Сентетјен како крило, но може и како бек, додека Вашнак е во шавјцарскиот Сион.

Централен бедем би биле Алесандро Неста, и некогашната легенда на шведскиот Калмар Емин Нури. 

Средниот ред започнува со магионичарот Андреас Пирло, кој отсекогаш ја назначувал неговата национална припадност како Ром. Него на средина би го помагале вечните таленти, португалецот Рикардо Кварезма кој сега игра во Бешикташ и актуелниот играч на Севилја - Хозе Антонио Рејес.

Напаѓачкото трио е страшно за кого тешко би се нашол лек. Нив би ги предводел звездата на ПСЖ - Златан Ибрахимовиќ, во друштво со Хесус Навас играчот на Манчестер Сити и напаѓачот на Марсеј Пјер Андре Жињак.

Тимот составен од фудбалери од ромска националност би имал и солиден фонд на резервна клупа.

Голам би бил актуелниот на шведски АИК Кени Стампатопулос, , а играчи Предраг Лука, од белградски Партизан, Кристос Пасалоглу од грчка Јанина, Киприан Марика од Хетафе, Дани Гуиза од Хетафе, Иво Пекалски од Малме и Давид Ваирелеш од францускиот Дижон .

Тимот би го предводеле во улога на тренери и стручен штаб имиња како  што се Христо Стоичков од Бугарија и Георге Хаџи од Романија, додека како асистент би им бил сегашниот менаџер на италианска Џенова некогашниот фудбалер на Лацио - Фабио Ливерани.

Тука негде во стручниот штаб како некогашни фудбалери од ромска националност би помогнале о Аљоша Асановиќ, Ерик Кантона, Илиеа Димитреску, Мариуш Лакатуш и др. Во тој состав тука би им се придружил и некогашниот голем талент и фудбалер на Вардар и Белградски партизан како и капитен на младинската репрезентација на Југославија Ерол Демир.

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Mangava te vakerav

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

       Isi 196 misafirija so dikhena o ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Majpopularno

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Amaro brojači genjela taro 13.01.2019
Gejnela isto manuša tari koja phuv drabarena amaro portali
Majtele isi sa-ko-sa kozom dikhle o portali