Екслузивно интервју со Љатифа Шиковска – Пратеник во Собранието на Република Северна Македонија

Рома Тајмс: Како ја оценувате оваа 2022 во контекст на реализација на дел од Стратегијата на Ромите;

Љатифа Шиковска: Јас како пратеник кога бев избрана имав големи амбиции во насока на вклучувањето на Ромите во општеството. Моите цели беа насочени со членство и пратеничка група на позицијата иницирам решавање на многу потреби и проблеми на Ромите. Точно е тоа дека тие цели беа како и целите кои ги имаше и стратегијата за Роми 2014-2020 а и новата Стратегија 2021-2030 година.  Но општествениот и политички контекст многу малку беше а е и денес доста непогоден за решавање на социјални и економски прашања на кои се засноваат проблемите и потребите на Ромите.

Во оваа прилика би сакала да истакнам неколку иницирани прашања кои јас како пратеник ги предложив а на задоволство на лицата без документи беа спроведувани и реализирани.

Иницирав проблемот со лицата без документи да се решава преку посебен закон и тоа го завршивме. Сега очекуваме да решавањето се случува низ системско и трајно решение низ постојните законски лицата без документи ќе бидат регистрирани.

Бездомништвото е исто така проблем. Јас секогаш се трудам преку посредништво со институциите да обезбедиме времени решенија за домување. Тука треба да се работи уште и тука бара поголеми ангажмани на сите кои работат во политиката за интеграција на Ромите.

Многу ми е жал што неможам повеќе да направам за да се отвори Директорот за интеграција на Ромите. Ова е во моментот заглавено поради политичките прилики во нашата држава.

Но, општо гледано 2022 година во однос на реализација на Стратегијата за Роми не сум задоволна. Моето мислење е, потребно е да има поголема посветеност од страна на министерствата и институциите во реализирање на акционите планови на Стратегијата, за кои јас постојано укажувам.

Ние баравме одговори од Министерствата за нивото на реализација на Стратегијата за Роми а тие ми одговорија многу кратко со што јас воопшто не сум задоволна.

Р.Т: Во која област има најголем напредок, а во која најмал

Љ.Ш: Според мене има најмногу напредок во образование и решавањето на проблемите со лицата без документи, а најмалку во домување, вработување и здравство.

Покренав неколку прашања по сите овие теми кои имаат помал напредок и дојдов до заклучок дека иако има политичка волја административно-бирократски се блокирани многу процеси и тешко е многу да се излезе на крај и да предизвикаме да има повеќе напредок. Во оваа прилика ќе спомнам дека се уште поради технички и бирократски бариери не можеме да ги трансформираме здравствените медијатори, иако веќе имаме вработено 4 медијатори.

Но наспроти ова може да се пофалиме со фондот за стипендирање на средношколци кои го спроведуваме преку државата.

Р.Т: Како го оценувате Предлог Буџетот за 2023 за реализација на  Стратегијата на Ромите;

Љ.Ш: Како и секоја година ставките во Буџетот кои се наменети за реализација на Стратегијата за Роми се препишуваат, а доказ за тоа е и забораваат да го избришат терминот Декада што одамна е завршен.

Во Ставките за 2023 година остануваат исти како и 2022 година со исклучок на Министерството за труд и социјална политика кои е смален заради помал број на вработени во Ромските информативни центри.

Во однос на истиот јас сметам дека тој е многу мал и не ги изразува реалните потреби на ромската заедница. За поголем Буџет за прашања поврзани со ромската заедница јас секогаш поднесувам амандмани но истите не се прифаќаат. Но тоа е демократија а за жал јас сум само еден пратеник.

Р.Т: Како ги оценувате политиките на  ромскиот политички блок во РСМ,

Љ.Ш: Очекувам прво, политичкиот блок да се окрупни и заедно да соработува за барем неколку клучни прашања. Второ, треба да се насочи кон застапување на потребите на Ромите почнувајќи од локално па се до национално ниво. Дискусиите помеѓу политичките лидери на ромските политички субјекти треба да се смирени и без нечесни напади и вулгарности. Да има почитување и фер политички натпревар. Но моја препорака е да седнат заедно на маса и, да се договорат во однос на Ромското прашање во РСМ.

Р.Т: На што  треба да се фокусираат активностите (главните предизвици)за подобрување на состојбата со Ромската заедница во РСМ во годината која е пред нас.

Љ.Ш: Активностите треба да се фокусираат кон иницирање, застапување и обезбедување на  гаранции за продолжување со поголем обем. Да ги зајакнете напорите за еднаквост и интеграција на Ромите во општеството, а посебно да обезбедите системски и трајни решенија во областите:

ОБРАЗОВАНИЕ: Децата Роми се вклучени во предучилишно образование; Нулта ученици го напуштиле  основно и средно образование; Поддршка на студенти Роми; Поддршка на талентирани Ученици и студенти Роми; 

ВРАБОТУВАЊЕ: Да бидат вработени Роми во државна и јавна администрација, во однос на правична застапеност,  на ниво на процент на застапеност на заедницата во државата од кој 40% од вработените се припадници на женскиот пол;  Процентот на Ромите кои што бараат работа е еднаков со барателите на работа на  останатите припадници на заедниците;

ДОМУВАЊЕ: Ромите живеат во урбанизирани населби кои припаѓаат на делови ви општините кои имаат ДУП, и имаат услови за  достоинствено живеење; Населбите каде што живеат Роми имаат Детални урбанистички планови; Легализација на домовите во кои што живеат Роми и кои ги исполнуваат техничките и законските критериуми за легализација; Обезбедување на живеалишта за Роми кои немаат можност да ги легализираат своите домови и обезбедување над 10% Роми добитници на  Социјалните станови; Домовите во кои што живеат Ромите да има вода, електрична енергија, канализациони мрежи, асфалтирани патишта, градски превоз и други комунални услуги според закон; Единиците на локална самоуправа обезбедат услови за 100% без депонии и без извори за загадување на воздухот за чиста и здрава животна средина;

ЗДРАВСТВО: Ромите имаат државно бесплатно здравствено осигурување; Ромите имаат обезбедено пристап до матичен лекар, матичен гинеколог и пристап до пренадуена и постнатална грижа; Стапката на смртноста кај доенчињата да биде лошо минато и се сведе на 0%;

КУЛТУРА: Да се обезбедат услови за создавање на национална и локални установи со адекватни човечки и технолошки ресурси за да се развива ромската култура и традиција; Да се поттикне и развие ромски аматеризам. Да се обезбеди услови за квалитетни кадри во културни и уметнички дејности (- Најмалку 5 -10 годишни стипендии - театар, ликовна уметност, етнолози, книжевни работници, филмско и драмски и музика, археолози); Да се развие и донесе Програма за поддршка на проекти поврзани со развој, негување и промоција на ромската култура; Учебниците подобро ги преставуваат Роми и ромската култура во образовните содржини; Културни производи со преставување на ромската заедница/ идентитет и култура; 

СПРЕЧУВАЊЕ И ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА: Стапка од 0% толеранција за секаков вид на дискриминација врз Ромите; Забрането присилно иселување, сегрегација и полициска бруталност; Воспоставена стратегија и мерки за елиминација на антициганизмот и препознавање како кривично дело во казнениот закон на Република Северна Македонија; Стапка од 0% на Роми без граѓанска регистрација и државјанство;

СИРОМАШТИЈА: Борба со сиромаштијата во Ромската заедница;

Јавно сакам да упатам повик да ги користиме постоечките ресурси од ромската заедница и обезбедите партиципативно учество за донесување на системски и трајни решенија и политики за интеграција на Ромите засновани на факти и аргументи. Да инсталираме уште веднаш за 2024 година да се  буџетираат конкретни програми наменети за интеграцијата на Ромите, Нас ни треба зголемување на јавниот буџет на централно и локално ниво, за директна поддршка на ромската заедница.

Во исто време упатувам повик до Европската унија и други развојни фондации и донатори да продолжат со поддршката на целите за интеграција на Ромите, но со консултација и спроведувачи Роми.

Да се избориме сите заедно, резултатите и нивото на интеграција на Ромите во општеството Европската унија да ги искористи како показатели при оценката за влез на Република Северна Македонија во ЕУ.

Ги повикуваме Претседателот на државата, Парламентот и Владата на Република Северна Македонија да ги осигурат процесите кои обезбедуваат, постоечките иницијативи за интеграција на Ромите во општеството да имаат целосна поддршка и истите да гарантираат иста стартна основа со останатите заедници во општеството, посебно, владеење на правото, спречувањето и заштитата од дискриминација и социо-економски развој и здравството на Ромската заедница во Република Северна Македонија.

 

Љатифа Шиковска – Пратеник во Собранието на Република Северна Македонија

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

I WANT TO SAY

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

       We have 202 visitors watching ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Most Popular

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Our counter start count since 13.01.2019
Count unique visitors from which country visit our portal
In the bottom there is total visits our portal