Васка Барјамовска Мустафа добива уште еден мандат од осум години како заменик на Народниот правобранител во земјава.
За оваа позиција Бајрамовска ја предлага новиот народен правобранител Насер Зибери, кој беше избран на таа позиција во јануари годинава. Бајрамовска треба да биде избрана и од Собранието за да ја добие старо-новата функција, на која досега беше осум години, колку што трае мандатот на замениците народни правобранители, односно од 2013 година. Бајрамовска Мустафа е единствениот од досегашните заменици народни правобранители кои Насер Зибери ги предлага да бидат избрани од Собранието.