Хрватското издание на најпознатиот моден магазин во светот „Elle“ ги поместува границите со најновото издание „TI SI SVE“. Младата Ромка, Северина Лајтман, родум од Меѓимурје од Пишкоровец, денес студентка на Филозофскиот факултет која се занимава со глума, пеење и танцување, стана првата Ромка на насловната страница на тоа списание.
- Да се биде на насловна страница на меѓународен магазин навистина многу ми значи и многу ми е чест што ми се укажа можноста. Не ни сонував дека некогаш ќе направам нешто во светот на модата, но спонтаните работи ми се најдобри и сигурна сум дека ова е една од најубавите работи што ми се случиле во животот - истакнува Северина Лајтман,–
Новиот број на хрватското издание на Elle со дури 260 страници е на пазарот од 29 септември!
Link: https://medjimurski.hr/severina-lajtman-prva-romkinja-na-naslovnici-ellea/