Технологија

Среќен роденден:: Том и Џери слават 80 години

Популарните цртани јунаци, мачорот Том и глувчето Џери, неделава прославуваат 80 години постоење. Приказната за мачорот и глушецот кои живеат во иста куќа и постојано се надмудруваат, проткаена со урнебесни ситуации, е измислена во одделението за анимација на филмската продукциска куќа МГМ. Авторите Бил Хана и Џо Барбера имале за цел да го достигнат успехот на Волт Дизни.

 

Првата епизода е објавена 1940 година, при што мачорот на почетоот се викал Џаспер, а глувчето – Џинкс. Постигна огромен успех, па дури и му донесе номинација за Оскар за најдобар кус анимиран филм на студиото.

 

Кратко потоа Џаспер и Џинкс биле преименувани во Том и Џери. Околу тоа дали тие ќе зборуваат, авторите го зеле предвид успехот на немите филмови со Чарли Чаплин, па знаеле оти ликовите можат да бидат забавни и без дијалог.

 

Музиката за цртаниот филм ја компонирал Скот Бредли, а прочуениот човечки врисок на Том го овековечил лично Хана.

 

Првите 20 години, Хана и Барбера произвеле над 100 кратки цртани филмови и секој чинел во просек по 50.000 долари.

 

Бил Хана почина во 2001 година, а Џо Барбера во 2006 година.

 

Правата за прикажување на цртаните филмови „Том и Џери“ денес ги поседува компанијата Ворнер Брос. Се планира и нов филм пред католичкиот Божик оваа 2020 година.

Изработена е првата Ромска Исламска мобилна апликација

Во месецот на постот - Рамазан , беше пуштена во употреба мобилната апликација за Ромското исламско училиште (R.I.Š). Оваа апликација на ромски јазик и од оваа категорија е прва меѓу Ромите.

Веднаш многу лица покажаа интерес за оваа апликација , која може да се превземе бесплатно од Google PlayStore.

Засега е подготвена само Андроид верзија. iOS верзијата е во изработка и во брзо време ќе биде подготвена за превземање на AppStore од Apple. Ромското Исламско училиште или скратено R. I. Š. е всушност Исламски едукативен центар за Ромите кој се наоѓа во општината Шуто Оризари , во Скопје, Македонија.

Овој центар е формиран годинава од страна на доброволци на леко со оџа Ибрахим Руфат Ајдин. Овој центар е базиран на учењето на Ehl-i-Sunnet ve-l-Djemaat akida и Ebu Hanif fikh верување.

Ромското исламско училиште е неформално каде младите ги учат основните парвила во религијата. Оваа мобилна апликација е изработена од ромскиот дипломиран софтверски инженер Елвис Ајдар и IT компанија Anton Soft.

Линк до апликацијата: http://tiny.cc/0s206y

Веб порталот Roma Times од оваа година со нов дизајн

Од стартот на оваа 2019 година ромскиот веб портал „ Roma Times„ стартуваше во ново руво и редизајниран. Инаку порталот започна да функционира онака „срамежливо„ на крајот од 2015, но сепак со време и со своите содржини се ештаблираше во еден важен сегмент во медиумскиот свет. Инаку во целиот овој период тој се стекна со висок рејтинг и посетеност од сите меридијани во светот. Самиот портал информациите ги прави на 3 јазици - ромски, македонски и англиски.
Инаку споредувајќи ја неговата посетеност и читаност помеѓу публиката, бројката на посетеност беше над половина милион посетители, додека читаноста на самите статии и посета на тие статии е над 1 милион.
Сегашната визуелна форма во овој дизајн на Рома Тајмс е направен по најсовремени технички стандарди. Инаку мора да се напомене дека голема заслуга за новиот дизајн, содржини и технички параметри покрај тимот на Рома Тајмс ја има и компанијата Антон Софт (Anton Soft) и нејзиниот менаџер Елвис Хајдар кој го направи целосниот редизајн на самиот веб портал.

Sa o dizja thaj gava an i EU ka resen bilovengoro internet thaj WiFi

O thema membria an i Europakiri Unia dengje suporto e inicijativake „WiFi4EU” so havela bilovengoro avipa dži ko internet thaj WiFi netvorko an o dizja thaj o gava.

O suporto e inicijativake alo palo trub masekoa kana o presidento e Europakere Komisiake Žan Klod Junker sikavgja o plani kote o ofisia an o lokalno nivelo tarp EU si mukhle e dizutnenge an o dizja thaj gava ka del bilovengiri konekcia thaj an o WiFi netvorko. 

Повеќе...
FaLang translation system by Faboba

Сакам да речам

Momentalno Online

Имаме присутни 160 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

Golden Wheel - Entry Application Form

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот