„Културен геноцид на Ромите„ – Реакција до Министерството за култура до страна координаторот на МСТР, Зоран Димов

Во самата реакција до Министерството за Култура и министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска се вели:

Почитувана министерке ! 

 

Големиот македонски револуционер Гоце Делчев рекол: “Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите“ и на тој начин во својата мисла, културата ја постави на највисокото и најзначајното ниво во светот, особено кога се работи за меѓусебен натпревар помеѓу народите.

Следствено на ова, а во контекст на Делчевата мисла, логично е да се поставуваат следните прашања: “Колку Ромите учествуваат во тој културен натпревар меѓу народите“? “Дали Ромите во Македонија имаат војска од културни војници кои ќе се натпреваруваат“? И трето, а сметам и најважно: “Дали на Ромите им се овозможува, воопшто да се натпреваруваат“?

За овогодинешната програма за финансирање проекти од национален интерес по одделни области и активности од културата за 2022 година, Министерството за култура издвои 1.053.000.000 денари односно 17 милиони и 122 илјади евра, што е за околу 1 милион евра повеќе од изминатата година.

Во овој буџет, се сместени и проекти за промоција и на ромската култура кои во целост не надминуваат буџет од 1.900.000 денари или околу 30.000 евра доделени на 13 апликанти.

 

Затоа Почитувана министерке во име на Мрежата за системски и трајни решенија за Ромската Заедница во РС Македонија и во име на културните работници од Ромската заедница во Република Северна Македонија, кој со децении наназад правата напори да ја промовираат културата на Ромската заедница во нашата држава ја испраќаме и оваа РЕАКЦИЈА до Вас, со мислење дека на овогодишните резултати од Министерството за Култура, дефинитивно ја „закопавте„ Ромската култура во државата.

Не би  сакале  да ги набориме сите испратени апликации од страна на културните работници на Ромската заедница на овогодишниот Конкурс , но мора да потенцираме дека многу од нив се со долгогодишна традиција и успешен континуитет, кој го рефлектираше мултикултурализмот во државата.

Голем дел од тие Аплицирани проекти се одржуваа со децении наназад и беа успешно спроведени и поддржани кои сега едноставно „згаснуваат„

Се прашуваме едно; Дали и Ромската заедница која плажа даноци и влегуваат во Буџетот на Република Северна Македонија и се двојат и во Министерството за Култура, тие средства служат за финансирање на проекти од културата само  за Македониците и Албанците?

На кој начин и по кои критериуми беше направена селекцијата и распределбата на тие средства?

На пресот напоменавте дека филтерот го поминаа 3.769 валидни пријави, а за поддршка на проектите ќе бидат издвоени над една милијарда денари. Предност и се дава на домашната „жива култура“ .

По се изгледа Ромската култура во нашата држава е „клинички мртва„!

Во име на Ромските културни работници, во име на Ромската заедница изразуваме негодување и реакција поповод објавените овогодишни резултати како и бараме:

  • Најургентна средба со Вас составена од мала делгација на културни работници од Ромската заедница
  • Пресипитување на сите пристигнати проекти од страна на Ромската заедница,и со членовите на Комисиите.
  • Филтрирање и образложение кои се тие недостатоци во тие проекти, за во иднина да не се повторуваат истите, при следните конкурси

 

Бараме оваа средба да се одржи во наскорешен рок – по можност уште во текот на утрешниот ден Петок 18.Февруари 2022 година.

 

Би сакале да не информирате и да добиеме повратен одговор во врска со оваа наша реакција, во спротивно же бидеме приморани да реагираме до сите останати релевантни домашни и странски институции, како и до Антикорупциската Комисија.

 

Со почит

Мрежа за системски и трајни решенија

За интеграција на Ромите во Р.С Македонија

Координатор

Зоран Димов

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 399 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот