Zoran Dimov - Mli kolumna

Колумна на Зоран Димов: Доста е поделби, ајде заедно!

Дали поделбите и препишување на некои заслуги на поединец или група носат напредок? Дали препукувањата, сопките, и „работа зад грб„ носат просперитет?

Дали недовербта, сплеткарството, интриги и сл. ќе и донесе на нашата заедница добробит и прогрес? Сите знаеме дека одговорт е „Не„. И сега се поставува прашањето, кога сите го знаеме одговорот, во што е суштината да продолжиме на тој начин? Како да го скинеме тој ланец?

Многу едноставно! Ако ние од Ромскатс заедница се декларираме дека се бориме за доброто на Ромите, ајде да ги оставиме, суетите, егото,  и внатрешниот антагоизам на страна и да направиме минимално сплотување. Без разлика кој ќе биде понапред или поназад во колоната, битно да ни е целта иста - единството!. Знаеме дека помина ерата на „раздели, па владеј“! Резултатот од такво владеење и однесување е повеќе од видливо.

Би сакал јас како долгогодишен ромски активист, воедно и сега како координатор на Мрежата за системски и трајни решенија составена од голем дел од ромскиот НВО сектор да појасниме неколку моменти. Деновиве во медиумите беше презентирана состојбата со луѓето без лична документација во државата. Се изнаслушавме разни гледишта и ставови од типот „кој е најзаслужен„ што овие лица се стекнаа со некои документи за идентификација. Сите заслугите си ги препишуваат себеси, а не на вистинските луѓе кои „шпартаа„ на терен за нивна идентфикација и понатамошно активности се со цел да го сотварат правото од кое беа лишени години наназад. За волја на вистината најголемиот товар од оваа активност ги имаше токму организациите кои се дел од „Мрежата за трајни и системски решенија...„ но таа Мрежа си ја вршеше работата скромно и ревносно без ,многу публицитет и експонирање. „ Тоа најдобро го знаат луѓето кои беа запишани и регистрирани и сега г имаат тие документи. Ама нејсе.... Мрежата ќе продолжи и понатаму да дејствува и да работи без поголема помпа и рекламирање.

 

Но треба да се знае дека заслугите за било која активност треба да ги споделуваме заеднички без преформулирања и сл. Воедно исто би сакал да потенцирам дека време е да се видиме во очи и отворено да кажеме кој колку моѓе да придонесе за општо добро.

Да се седне на една заедничка консултација , и да си поставиме сите една зедничка цел дека секоја поделба, препукување, сопки и „работа зад грб„  не носат ништо добро.

Проблемите во општеството се огромни а ние се занимаваме со минорни работи. Потребно е меѓусебно разбирање и почит зошто само на тој начин мое да ни проработи свеста.

Наближуваат и избори (локални) моѓе да се случат и парламентарним истовремено не чека и попис и други активност. Секој раскол е погубен за сите нас. Ајде малку да ги размрдаме нашите мозочни виуги за потоа да не биде доцна. И сега доцниме многу, но за се има рефреш. Доста е поделби, ајде заедно!

Колумна на Зоран Димов: Националност во лична карта - меч со две острици!

Во државата има различни ставови од политичките субјекти дали етничката припадност треба да стои во новите лични карти или не. За едни тоа е потребно, за други, пак, не постои такво нешто во светската практика.

Но едно е сигурно не постои демократска држава во светот во која постои етничка или религиозна припадност. И покрај аргументирањето дека ќе се води грижа за сите етнички заедници во државата, мене тоа образложение некако ми е лабаво.

 

Имајќи го во предвид дека нашиот политички систем и легислатива ја афирмира етничката поделба и нееднаквоста на сите граѓани врз основа на етничката припадност, ваквото етничко обележување на граѓаните ќе ја зголеми и така големата нееднкавост во општеството.

 

Етничките граници веќе не се така тврди и непропустливи, а има луѓе со двоен, троен и повеќеслоен етнички идентитет, како последица на мешаните бракови, миграциите и другите процеси на современото живеење.

 

Самиот документ каков што е личната карта како прво не е приватен, туку јавен документ, што привремено се дава на лицето за да можат институциите и со закон утврдените јавни и приватни правни лица до го идентификуваат.

Податоците од личната карта, особено матичниот број се и со закон заштитени. Етничкиот идентитет е приватна и субјективна категорија. Ниту еден идентитет денес (а и во минатото) не е непроменлив, вклучително и етничкиот. Човекот може да си избере и да го променува кој било идентитет кога и да посака.

 

Со тоа на мала врата во Македонија ќе се воведе и етничко профилирање. Без изјасната и впишана соодветна етничка припадност во личните карти граѓанинот не ќе може да се вработи под еднакви услови, не ќе може да влегува во одредени комерцијални иннституции како што се дискотеки, базенти

 

Уште еднаш се покажува дека ние сме едниствена земја и општество во светот што како основ за дискриминација ни служи Преамбулата на Уставот!

А се декларираме и припаѓаме во западната цивилизација и нашата земја е полноправна членка на НАТО! На се одозгора го слушнавме и мислењето на ЕУ е против ваков закон!

Колумна на Зоран Димов: Дали Ромите се на последно место како приоритет за вакцинирање против Ковид 19?

Со избувнувањето на панемијата КОВИД 19 ширум светот, покрај борбата против превенцијата од инфекции, еден од приоритетите беше да се најде и вакцината. Веќе на крајот на 2020 година, со производство на вакцини, започна подготовката за дистрибуција, како и плановите за нејзина реализација. Сепак не е се така мазно. И самата СЗО напомена дека и најразвиените земји не се најподготвени за нејзина планирана реализација. Пристапот не е секаде еднаков.

Според едно американско истражување, Афроамериканците и Латиноамериканците помалку се опфатени во вакцинирањето за разлика од белите Американци - се вели во анализата на Си-Ен-Ен, пренесува агенцијата Анадолија (АА).

Според анализата, вакцинирани се повеќе од 4% од белата популација, а само 1,9% од Афроамериканците и 1,8% од Латиноамериканците.

Оваа Корона криза открива и  колективна слабост и  нееднаков пристап до неа. Бидејќи многу земји страдаат економски од пандемијата, постои зголемена загриженост дека прво само богатите земји ќе имаат пристап до вакцината. А тоа едноставно според минатото и вкоренетите предрасуди ја очекува и ромската заедница во тие држави.

Агенцијата на ЕУ за основни права (FRA) подетално ја испита оваа реалност во 15 земји-членки на ЕУ, фокусирајќи се на образованието; вработување; сиромаштија; здравствена грижа; домување; и антициганизам. Тој исто така ги истакна напорите на граѓанското општество за решавање на различните предизвици што ги носи пандемијата Коронавирус. Во меѓувреме, ограничениот пристап до вода, електрична енергија и санитарни услови создава сериозни здравствени проблеми - влошени од различните бариери за пристап до здравствените услуги. Недостаток на основна инфраструктура е проблем за целите заедници. Оттука и мислењето дека Ромите  во овој период ќе бидат меѓу последните на списокот за вакцинирање. Во исто време, ромската заедница  „не се убедени“ дека ќе има еднаков пристап до неа. Затоа, мислењето во врска со вакцината и нејзината употреба е поделено меѓу Ромите.

Ова е наведено во наодите од некои спроведени анализи, тестови и теренски слики.

Оваа поделба е приближно еднаква секаде каде што се Ромите, без разлика дали се во поразвиените европски земји или во посиромашните.

Ова ги вклучува Ромите од источноевропскиот блок (Романија, Бугарија, Молдавија, Украина и Руската Федерација). Овој тренд е исто така меѓу Ромите од Западен Балкан (Албанија, Северна Македонија, Косово, Србија, БиХ, Црна Гора), како и оние Роми кои се наоѓаат во Западна и Централна Европа, па дури и на север.  Ова беше истакнато и во спроведената анализа направена и од Кризниот штаб на ИРУ, кој веќе е испратен и до европските институции и високи преставници на европска политика.

Причината за ваквиот полускептичен скептицизам кај Ромите за имунизација и доверба во вакцините се заснова и на фактот дека за време на пандемијата КОВИД 19, имаше застрашувачка ескалација на популистички и расистички гласови во многу европски земји со намера да се обвини ромската заедница што живее во ромските населби за оваа пандемија. Некои од овие мерки беа водени од расистички наратив кој ги претстави Ромите  како колективна закана за здравјето и безбедноста и предвидуваше мерки за карантин само за гемото на Ромите.

Оттука произлегува и мислењето дека кога ќе започнат вакцинациите, тие ќе започнат со спротивниот редослед. Ова би значело дека повеќето земји, гетото и ромските населби кои беа обвинети за ширење на болеста, нема да бидат на приоритетната листа за вакцинација, туку напротив, ќе бидат на дното на таа листа.

За да се спречи ширењето на КОВИД-19. во сите заедници, владините напори треба да бидат насочени кон информирање  за принципите на човекови права кои ги штитат најранливите, како на краток рок, така и пошироко. Потребно е сериозно и енергично справување со структурните, расни и социјални нееднаквости кои продолжуваат да ги изложуваат Ромите на поголеми здравствени ризици.

Затоа мои Роми бидете  подготвени и на овакви сценарија!

Повеќе...

Колумна на Зоран Димов: Застапеноста на Ромите во јавната администрација има, но на минимално ниво исто како да ја нема

Во државата кај нас после 2001 година и со спроведување на Охридскиот договор, како едно од политичките решенија за запирање на конфликтот во државата, тогашните лидери потпишаа низа уставни промени, Меѓу нив и една практика, врабитување во јавната администрација со еднаква процентуална застапеност на помалите етнички заедници.

Меѓу нив спаѓаше и Ромската заедница. Со последниот попис од 2002, Ромите процентуално се 2,66% од севкупното население. Според тие параметри застапеноста на ромската заедница во јавната администрација потребно е да биде на тоа ниво. Но во реалноста што се случува?

Министерството за информатичко општество и администрација, согласно законската обврска го објавуваа Извештајот за вработени во јавниот сектор за 2019-та година.

Бројот на вработени во јавниот сектор заклучно со 31 декември 2019-та година во изнесува 132.900. Вработените се распределени во 1.324 институции.

Во 2018 според Извештајот на Народниот правобранител во 1347 институции биле вработени 138.326 од кои 103.014 мкд, 74.5%, 26.261 – 19% Албанци, а Роми 1.800 или 1.3%

Сега прашање е дали ромскиот политички блок во распределбата на работните места во Јавната администрација знаел „да се пазари или не„ покажуваат и самите бројки.

Во некои од институциите на Јавната администрација бројот на вработени Роми може да се каже дека е на симболично ниво.

Типичен пример е графата со вработени во Министерствата. Според Извештајот од Јавниот правобранител , таму бројот на вработени е 24.146 лица од кои Роми има само 202 или 0.8% од кои само еден Ром  е наименуван како раководител. Слична е состојбата и во самоастојните државни институции (агениции, дирекции, комисии, заводи) од 18.958 вработени Роми се 151 или 0.8%. Поразително е вработивање на Ромите во казнено поправните установи каде од вкупно 743 вработени има само 3 Роми или 0.4%. Фларгантен пример се Апелационите судови со 307 вработени и Вишите Јавни обвинителства со 75 вработен таму Роми – нема!

Слична е состојбата и во останатите јавни институции од Јавната администрација.

Од сето ова може да се заклучи дека политичкиот капацитет кај Ромскиот политички блок е минимален и воопшто немаат некое влијание. Затоа и се поставува прашањето дали ромскиот НВО сектор е потребно да „притиска„ или им „дише во врат„ на политичките фактори во државата.

А исто така се поставува и прашањето покрај вработувањата по партиски клуч. дали тие вработувања во јавната администрација се со соодветно обазование и работни квалификации кој одговараат на работните места. Но ова важи за сите националности не само за Ромската заедница.

Инаку на крај мора да се заклучи дека според процентуалтана застапеност во моментот Ромите е потребно да се вработени во Јавната администрација околу 2.800 – 3.000 Роми. Кој ги „лапна„ тие 1000 ромски места во јавната администрација? Дали дел од нашите политички фактори намерно ги продадоа тие места за нивен подобар „комодитет„ или пак е нешто друго. Ама здравје за тоа друг пат во некое мое друго резимирање – кога ќе дојде време.

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 63 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот