Политика

Од 10-ти ноември нови правила за влез во Eвропската Унија, од следната година ќе треба и онлајн апликација

Нови правила за влез во Европската Унија за граѓаните од земјите со безвизен режим, вклучително и од Македонија. Oд 10-ти ноември ќe има зголемени проверки при влез и излез и биометриско скенирање, а од средината на следната година целосно ќе започне примената на ЕТИАС, новиот безбедносен механизам на Шенген зоната,.

Системот ќе собира и проверува податоци за патниците кои патуваат со цел да се детектираат потенцијални безбедносни ризици.

Ова значи дека ќе треба да се аплицира онлајн, барем месец дена пред патувањето. Иако се предвидува за обработка на податоци да се чека од неколку минути до четири дена, постои можност системот да детектира дополнителни проверки и да бидат побарани повеќе информации од патниците, дури и да бидат поканети на разговор во Амбасада за земјата за која сакаат да патуваат.

При аплицирањето, патниците ќе плаќаат такса од 7 евра, а ќе биде бесплатно за луѓето под 18 години и над 70 години.

Откако ќе добиете одобрение, тоа ќе важи три години или до истекот на пасошот.

Со важечки ЕТИАС може да влезете на територијата на европските држави колку често сакате за краткотраен престој, до 90 дена на секои 180 дена. Сепак, ЕТИАС не гарантира влез. Граничниот службеник и натаму ќе бара пасош и други документи кои потврдуваат дека ги исполнувате условите за влез.

Формуларот ЕТИАС нема да мора да го пополнуваат лица што имаат валидна виза или дозвола за престој во земја на ЕУ. Образецот исто така не го пополнуваат лица што живеат покрај граница и поседуваат гранични пропусници.

Според правилата на самите гранични премини, потребна е биометриска проверка на патникот, односно отпечатоци од прсти или фотографија на самиот, но доколку поседувате биометриски пасош, тогаш влезот е поедноставен и побрз. Граѓаните кои имаат биометриски пасоши не треба да одат на пасошка контрола преку службеник доколку електронската проверка не покаже никаква пречка.

Безвизниот режим на патување во земјите членки на ЕУ за Македонија беше воведен во 2009 година, што беше и една од најголемите придобивки на евроинтегациите, и оддаваше впечаток кај граѓаните дека се доближуваат поблиску до европското семејство иако Македонија со години е пред портите на Брисел поради разни блокади.

 

Русија, Украина и ЕУ: Новиот закон во Унгарија ја намали помошта за украинските бегалци, најзагрозени се Ромите

Илјадници украински бегалци би можеле да завршат на улица или да бидат принудени да се вратат во Украина поради законот што стапи на сила во Унгарија. Новите прописи ја ограничуваат помошта за Украинците, така што само оние кои доаѓаат од областите на Украина директно погодени од руската инвазија ќе имаат право на неа. Унгарските власти на таа листа вклучија 13 украински региони, а владата на оваа земја членка на Европската унија секој месец ќе објавува нова листа.

Списокот моментално ги вклучува Днепропетровск, Доњецк, Житомир, Запорожје, Луганск, Миколаев, Одеса, Суми, Харков, Керсон, Чернихив, Киевската област и Крим, полуостров припоен од Русија во 2014 година. v Засега не е познато колку од вкупно 31.000 украински бегалци во Унгарија ќе бидат загрозени поради стапувањето во сила на новите закони.

Најранливи се Ромите од западниот Закарпатски регион, кои моментално живеат во засолништа, кои сега ќе бидат затворени, предупредуваат активистите за човекови права. Нивната позиција е уште посложена поради фактот што многумина имаат и украинско и унгарско државјанство.  Затоа, тие не можат да бараат азил во други земји од ЕУ.

Link: https://www.blic.rs/bbc/rusija-ukrajina-i-eu-novim-zakonom-u-madjarskoj-smanjena-pomoc-ukrajinskim/9s66d93

23 години од масакрот кај Карпалак: Во ист ден кај Карпалак ги загуби братот и сопругот: Ердован и Веби имаа сон за достоен живот.

Ердован Шабаноски (Прилеп, 24 октомври 1980 – на автопатот Скопје – Тетово, Карпалак, 8 август 2001) бил македонски бранител со ромско потелко, резервист во АРМ и учесник во воениот конфликт во Македонија во 2001 година. Загинал на 8 август 2001 на автопатот Скопје – Тетово во масакрот кај Карпалак.

Ердован Шабаноски е роден на 24 октовмри 1980 година во Прилеп и потекнува од сиромашно ромско семејство. Сестрата на Ердован беше мажена за Веби Рушитоски, кои подоцна заедно ќе загинат во масакрот кај Карпалак. За да не остане куќата празна, решил после отслужувањето војска да се жени. Имал две деца. Во тој период одбранбените сили на Македонија забрзано мобилизираше резервисти. Ердован, заедно со зета си Веби Рушитоски одлучиле да се пријават на мобилизацијата. Со парите сакале да купат коњи и да почнат да работат во шумското, да влечкат огревно дрво по планината и така да си обезбедат егзистенција.

Седум дена Ердован и Веби Рушитоски, со многу други од Прилеп минале на обука во касарната и на Криволак. После тоа заминале со прилепскиот конвој кон Тетово, каде што загинаа во масакрот кај Карпалак на 8 август 2001 година. Шабаноски посмртно е одликуван со медал за храброст од Претседателот на Р. Македонија.

Ердован загина на 19 години. Тој е најмладиот загинат војник во масакрот кај Карпалак.

Веби Рушитоски е роден на 23 септември 1976 година во Прилеп и тој потекнува од сиромашно ромско семејство. Беше женет за сестрата на Ердован Шабаноски. Немал занает, но не се срамел да работи сè и сешто, секаде и кај секого што ќе му понудел некаква работа. Научил да прави ќумбиња за пржење ајвар. Со тоа го прехранувал семејството и плаќал кирија. Имал две деца. Рушитоски посмртно е одликуван со медал за храброст од Претседателот на Р. Македонија.

 

Пресврт на Парламентарните избори во Франција - Француските гласачи ја отфрлија крајната десница

Откако заврши на првото место во воведниот круг на парламентарните избори во Франција, екстремно десничарскиот Национален собир на Ле Пен не само што не успеа да обезбеди целосно мнозинство во вториот круг, туку заврши на третото место.

Браната во Франција се одржа- францускиот гард кон продорот на крајната десница издржа. Откако заврши на првото место во воведниот круг на парламентарните избори во Франција на 7 јули, екстремно десничарскиот Национален собир на Мари Ле Пен не само што не успеа да обезбеди целосно мнозинство во вториот круг, туку заврши на третото место, спротивно на предвидувањата дека токму екстремно десничарската партија по резултатите од првиот круг ќе ја превземе власта во Франција. Левичарската коалиција Нов народен фронт (НПФ) изненадувачки излезе како победник, сојузот Заедно на Емануел Макрон како втор, а Националиот собир останува трет по последниот круг и според проценките освоил помеѓу 138 и 145 места заедно со конзервативците од Les Républicains. На партијата на Ле Пен и беа потребни 289 места за да освои апсолутно мнозинство во Долниот дом на парламентот. По последниот круг таа падна многу пониско од ова.

По последните анализи денес, Новиот народен фронт (НПФ) ќе има 182 пратеници, сојузот Заедно на Емануел Макрон 168, а Националниот собир (РН) и сојузниците 143. Ако овие резултати добијат и официјална потврда, според аналитичарите, Франција ќе добие нестабилен парламент поделен на три големи блока со многу различни платформи и без традиција да соработуваат.

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 371 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот