МРЕЖАТА ЗА СИСТЕМСКИ И ТРАЈНИ РЕШЕНИЈА

e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.                                                           tel: +389 (0) 2 2656-901

 

Д Е М А Н Т

Почитувани,

Мрежата за системски и трајни решенија, организациите кои се дел од нејзе, (ХДЗР Месечина, Гостивар, ИнСоК – Скопје, Здружени за заштита на правата на Ромите – ЗЗПР, Штип,  Ромски бизнис информативен центар – РБИЦ Скопје, РОЖМ – Даја, Куманово, Ромско Јато – Битола, КХАМ - Делчево, Амбрела – Скопје)

Во целост го осудуваме настанот, за брутално, физичко малтретирање, на Г-дин, Игор Вцков во Струмица, и секој бруталенен и незаконско однесување кон било кого и во било кое место на територијата на Република Северна Македонија.

Ги повикуваме институциите, заради правда и мир, заради намалување на дезинформациите, заради намалување на штети кон заедницата на Роми, да го решат и да го обелоденат случајот со физичкото малтретирање на Г-дин, Игор Вцков

Мрежата за системски и трајни решенија и организациите погоре наведени, се оградуваат од изјавите, навредите, неоснованите обвинувања и говорот на Г-дин, Геге Демировски, објавувани на социјалните мрежи на 19.03.2021 год,

Слободата на изразување е Уставно право на секој граѓанин во Република Северна Македонија, но согласно наши искуства во работата, изразуваме сомневање дека, од порано Г-дин, Игор Вцков се декларирал како припадник на Ромската заедница, но  Мрежата за системски и трајни решенија, повторно потенцира дека ја осудува бруталноста.

Во комуникација со наши соработници во Струмица, ние изразуваме сомневање во вистинитоста на изјавата на Г-дин, Игор Вцков, дека полицијата и обезбедување на високи политички функционери се насочени со омраза и малтретирање на заедницата на Роми.

Ние во целост ја разбираме, тешката економска состојба на Г-дин, Игор Вцков, но не го разбираме неговото секојдневно барање на излез во апаратите на игрите на среќа.

Го повикуваме Г-дин, Геге Демировски, во иднина да говори во лично име, и во име на оние кои го овластиле да говори, но никако во име на сите припадници на заеницата на Роми, од причина што, ваквиот негов настап, нанесува навреда и штета на заедницата на Роми.

Од друга страна, го повикуваме Г-дин, Геге Демировски, токму заради доброто на заедницата на Роми на кој и самиот се повикува, да не ја злоупотребува заедницата на Роми, за свои лични и политички интереси и пазарање.

Доколку намерите на Г-дин, Геге Демировски, се искрени и насочени кон подобрување на животот, слободата и владеење на правото да се врати во Република Северна Македонија и да работи со останатите политички и граѓански НВО организации да работи за оние на кој тој се повикува од надвор.

Мрежата за системски и трајни решенија, продолжува да работи во насока на владеење на правото, еднаквоста пред Законот и учество во напорите за подобар живот на заедницата на Роми во Република Северна Македонија, а свесни дека овој пат никогаш не бил лесен, ниту едноставен.

 

Со почит,

 

23.03.2021 год,                                                                        Во име на организациите

С К О П Ј Е                                                                    на Мрежата за системски и трајни решенија

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Сакам да речам

TV BTR NACIONAL

Momentalno Online

Имаме присутни 173 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот