ИРУ

In Memoriam: На 7 септември почина ромската активистка, иннтелектуалка и долгогодишен член на ИРУ, Ајтен Берлафа од Шведска.

Во недела на 7 септември 2024 година во Гетебпрг , Шведска на 66 годишна возраст по кратко боледување почина Ајтен Берлафа.

Ајтен Берлафа беше истакнат интелектуалец, ромолог, преведувач и активист во борба за женските права. Таа во периодот од 2016 до 2020 беше и Потпреседател на ИРУ. Таа му даде голем значај и на своето образование . Затоа  таа беше Специјалист магистер за дислексија, ментор за интеграција на Универзитетот во Гетеборг, детска медицинска сестра на Универзитетот Борас, Kungahällagymnasium MY.

Таа ќе остане запаметена исто така како ведар и насмеан лик.

По тој повод ИРУ на 13 септември преку Он лајн ЗООМ видео ќе организира и комеморативна седница поповод смртта на Ајтен Берлафа.

ИРУ иницираше и успеа: Од месец октомври започнува online настава за Роми и не Роми од целиот свет за изучување на ромскиот јазик и култура институционално поддржано од Филолошкиот факултет „Блаже Конески„ од Скопје при УКИМ

Интернационалната Ромска Унија – ИРУ и нејзиниот претседател Зоран Димов со гордост ја информира јавноста дека во своите заложби и во рамки на активностите од областа на јазикот и културата ИРУ ги превзеде следните чекори.

Во рамки на претходниот потпишан Меморандум за соработка, ИРУ и Филолошкиот факултет „Блаже Конески„ при Универзитетот „Св Кирил и Матодиј„, Скопје, Р.Северна Македонија, ги информира сите заинтересирани млади Роми и не-Роми (средношколци и студенти) од Македонија и странство, од месец октомври 2024 година, започнуваат да спроведуваат онлајн настава по ромски јазик и култура.

Онлајн наставата предвидува изучување на основите на ромскиот јазик и култура на ниво А за период од октомври до декември 2024 година со вкупен фонд од 60 часа – два пати неделно по 2 часа.

Како предавачи односно професори во рамките на онлајн наставата ќе бидат: м-р Даниел Петровски од Северна Македонија од Институт за фолклор „Марко Цепенков“ од Скопје и д-р Суми Јусуке од The Babeș-Bolyai University од Република Романија.

Пријавувањето на сите заинтересираните студенти и млади  Роми и не Роми е најдоцна до 25 Септември 2024 година,на : Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Збогатетего вашето универзитетско ниво од областа на Ромскиот јазик и култура и стекнете се со официјален Сертификат потпишан од страна на  Филолошкиот факултет „Блаже Конески„ од Скопје при Универзитетот „Кирил и Методиј„ – Р.Северна Македонија

Претседателот на ИРУ Зоран Димов во Загреб имаше средба со пратеникот во хрватскиот сабор Вељко Кајтази и со преставници од организацијата Кали Сара

Во рамки на своите меѓународни активности како Претседател на ИРУ , Зоран Димов на 24 и 25 јуни имаше работна посета во Република Хрватска. Во рамки на таа работна посета беше придружуван од ИРУ делегатот од Р.Хрватска и благајник Вели Хусеин. За време на дводневната посета претседателот Димов оствари состанок и се г-динот Вељко Кајтази инаку актуелен пратеник во хрватскиот Сабор.

Тој за време на својата посета беше пречекан од својот домаќин Кајтази, и оствари средба со преставници од хрватскиот Сабор и Владата на Р.Хрватска.

Тие за време на својата средба истакнаа дека оваа посета претставува важен чекор во зајакнувањето на соработката со ромската заедница и подобрување на правата и интеграцијата во општеството. Таа соработка се однесува како на национално така и на интернационално ниво.

За време на оваа средба исто така им се придружија и преставници од „Кали Сара„ од Хрвтаска.

Тие сите заедно по официјалната средба се упатија и во Марија Горица каде положија венец во знак на сеќавање и почит. Исто така и во здруженијето на Кали Сара имаше плоден работен состанок со преставниците од тоа срдужение. Од заедничките впечатоци беше дека оваа соработка ќе се пордлабочи и ќе се интезивира во повеќе сегменти.

Истовремено Преседателот на ИРУ, г-дин Димов ја искористи оваа прилика да му ја додели Плакетата на г-дин Вељко Кајтази во име на ИРУ и во име на Мрежата за системски и трајни решенија, поповод 5-ти Ноември денот на Ромскиоот јазик и азбука, која минатата година се одржа свечена академија во Филолошкиот Факултет во Скопје, за особен придонес во унапредување на ромскиот јазик и литература.

Инаку токму Вељко Кајтази е главниот иницијатор за одбележување на 5 Ноември = Меѓународен ден на ромскиот јазик, кој најпрво хрватскиот  Сабор го ратификува, а потоа во 2015 година и УНИЦЕФ го воспостави како значаен ден за Ромскиот јазик.

На крајот од оваа средеба и г-дин Вељко Кајтази како и преставниците на Кали Сара му се

Заблагодарија на господинот Димов и на г-дин Вели Хусеин за конструктивниот дијалог и посветеноста на заедничката цел.

Осврт на ИРУ за ЕУ избори: Европа се сврте надесно, што да очекува Ромската заедница од Европа?

Во недела завршија изборите за Европскиот парламент во 27-те земји членки на ЕУ.

Десно центристичката Европска народна партија (ЕПП) ќе остане најбројна политичка групација во Европскиот парламент со освоени 181 пратеничко место, пред лево центристичката Прогресивна алијанса на социјалистите и демократите (СД) со 135 европратеници, покажуваат излезните анкети од европските избори што се одржаа од четвртокот до неделата во 27-те земји членки на ЕУ. Но затоа има голем пад на либералите и зелените

Трета политичка сила остануваат либералите со 82 мандати, пред десничарската група Европски конзервативци и реформисти (ЕЦР) со 71 и екстремно десничарска групација Идентитет и демократија (ИД) со 62 места. Блокот на Зелените и Европска слободна алијанса (ЕФА) освои меѓу 53 европратеници, а Левицата 34 места.

Ваквите резултати ги зголемуваат шансите на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која е „шпиценкандидатка“ на ЕПП, за реизбор на функцијата.

Останатите 101 мандат во 720-члениот Европарламент им припаднаа на партиите што не се членки на ниту една европска група. Меѓу нив се и екстремно десничарската Алтернативата за Германија (АФД), италијанското популистичко Движење Пет ѕвезди (М5С), национал-конзервативната и десно популистичка Фидес на унгарскиот премиер Виктор Орбан, лево популистичката и националистичка Насока-Социјална демократија (Смер-СД) на словачкиот премиерот Роберт Фицо, социјалдемократската Глас-Социјална демократија (Хлас) на претседателот на Словачка, Петер Пелегрини и германската левичарска и популистичка Алијанса на Зара Вагенкнехт (БСВ). Меѓу нив има 51 поранешен пратеник и 51 новоизбран, вклучително и претставници на екстремно десничарската Алтернатива за Германија (АфД), која неодамна беше исклучена од групата „Идентитет и демократија“.Екстремната десница има најмногу гласови во Австрија, ЦДУ победи во Германија
Екстремната десница освои најмногу гласови на изборите за Европскиот парламент (ЕП) во Австрија, Франција, додека го зазеде второто место во Германија и Холандија, според проекциите засновани првенствено на излезните анкети.

Во Европскиот парламент беше објавено дека конзервативната коалиција на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) и Христијанско-социјалната унија (ЦСУ) добила најмногу гласови во Германија – 29,5 отсто, а екстремно десничарската Алтернатива за Германија (АфД) 16,5 отсто. .

Во Австрија, екстремно десничарската Партија на слободата на Австрија (ФПО) го зазеде првото место со 27 отсто од гласовите, потоа конзервативната Австриска народна партија со 23,5 отсто и социјалдемократите со 23 отсто. Зелените добија 10,5 отсто, што е исто колку либералната партија НЕОС.

Во Франција партијата Марин Ле Пен победи на вчерашните европски избори, па така групата „Идентитет и демократија“ во Европскиот парламент (ЕП) ќе добие 30 нови пратеници, објави Европскиот парламент резултатите од гласањето.

Според прелиминарните резултати, таа освоила околу 32 отсто од гласовите, а партиите околу центристичката, либерална партија Преродба на Макрон нешто повеќе од 15 отсто.

Социјалистите се на трето место со нешто повеќе од 14 отсто.

Францускиот претседател поради лошиот резултат го распушти парламентот и за неколку недели ќе распише вонредни парламентарни избори.

Успехот на екстремната десница во двете најголеми земји-членки на ЕУ доаѓа пред очекуваните придобивки за тврдодесничарската партија Браќа на Италија на италијанската премиерка Џорџа Мелони.

Засега нема никакви информации дали во новиот состав на ЕП ќе има и ромски Преставници. Во минатиот состав беа Ливија Јарока од Фидес Унгарија, Петар Полак –од Словачка и Ромео Франц од Германија од Group of the Greens/European Free Alliance.

Инаку што да очекуваат Ромите од ЕУ во вака десно ориентирана Европа?

Ромската популација од 6 милиони во ЕУ е присутна во речиси секоја земја-членка, а нејзината големина може да се спореди со земја-членка со средна големина како Данска. Ромите дури сочинуваат околу 10 отсто од населението во некои земји на ЕУ, вклучувајќи ги Унгарија, Бугарија и Словачка. Дополнително, има двојно - а во некои земји три пати повеќе Роми на возраст под 15 години од мнозинското население, што значи дека заедницата имаше релативно висок број на првпат гласачи.

Но досега со неколку чесни исклучоци, политичарите едноставно направија премногу грешки, отуѓувајќи голем дел од овој важен електорат.

Најновите бројки покажуваат, на пример, дека додека работниците сиромашни во ЕУ сочинуваат 8,5 отсто од населението, кај Ромите тие сочинуваат 39 отсто — речиси исто како и во субсахарска Африка (38 отсто).

Конечно - и што е најважно - проевропските политичари премногу често молчат кога екстремната десница ги напаѓа Ромите.

Успехот на десно ориентираните партии во Франција, Германија, Австрија, Италија и др. првенствено се должи на злоупотребата на предрасудите кон ксенофбичните настапи и реторики кон мигрантите, муслиманите, а тука ги вклучуваат и Ромите. Овие примери, исто така, укажуваат на тоа дека проевропските лидери ја гледаа крајната десница повеќе како абер што им се заканува само на маргинализираните заедници отколку како рано предупредување за сериозна закана за нив и за демократскиот систем - колку погрешиле!

Овие лидери покажаа сличен став во нивната надворешна политика. Затоа има безборј примери.

На пример, во 2018 година, кога озлогласената украинска екстремно десничарска група Ц14 изврши серија насилни напади врз ромските населби, што доведе до брутална смрт на 24-годишниот Даниел Пап и предизвикувајќи протести пред украинските амбасади низ Европа, про- Европските лидери избраа да не стојат рамо до рамо.

Во слична геополитичка пресметка, додека високиот претставник на ЕУ Жозеп Борел го осуди убиството на Џорџ Флојд во Соединетите Држави, во исто време убиството на Станислав Томас, Ром во Чешка, не предизвика значителна реакција. Русија, од друга страна, ја искористи можноста да застане со Ромите, укажувајќи на моралната и политичката недоследност на ЕУ.

Вообичаено забележливо беше дека, десно ориентираните политичари за време на нивните кампањи воопшто или многу малку имаа средби со Ромската заедници и со тоа ја покажаа својата незаинтересираност и ксенофобичност.  Ромите отсекогаш биле лојални. Не треба да барате докази за ова во историјата: но за жал, дали е на повидок еден „црн период„ за Ромската заедница во ЕУ. Веројатноста е голема!

Затоа ИРУ ги повикува сите ромски релевантни организации, здруженија, асоцијации, и интелектуалци заедно да се здружиме и да се бранат интересите на Ромската заедница во ЕУ. ИРУ и сите добронамерници за ромската заедница  со сиот свој капацитет и кредибилитет ќе стои на расплагање и ќе учествува и соработува активно со идниот состав на ЕП, за да се премостат сите евентуални бариери и за рамноправна распределба како за на задачите и обврските така и за бенефитите кои произлегуваат од тие релации.

 10.06.2024

Со почит

Зоран Димов

Претседател на ИРУ

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 498 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот