Sport

Раб Хаувел (Rab Howell): Прв и единствен Ром играл за Англиската репрезентација и фудбалскиот клуб Ливерпул

Кога во 1890 година заиграл за Шефилд Јунајтед Рабин (Раб) Хаувел беше вистинска сензација. Во периодот кога се очекуваше дека на Ромите им припаѓаат најмизерните работни места  за јавноста беше изненадување дека еден „чистокрвен Ром„ заигра во еден ваков голем клуб.

 

Раб Хаувел беше успешен , талентиран и упорен фудбалер, кој по Шефилд набргу заигра за Ливерпул и за англиската репрезентација со што денес го класифицира во единствен Ром кој заиграл за англиската репрезентација.

Хаувел е роден во 1867. Во ромскиот караван во Вајнобанк . дистрикт на Шефилд . Пред да постане познат играјќи за Шефилд Јунајтед  и Ливерпул , Хаувел играше за Ecclesfield и Rotherham Swifts.

 

Беше навистина одличен фидбалер и покрај висината од 165 cm. Дебитираше како напаѓач , но веднаш потоа беше прекомандуван во одбраната и играше на таа позиција до  крајот на својата кариера.

Во книгата „ 100 најголемите на Sheffield United Football Club”, Денис Кларебоурт вели дека многумина од играчите имаа страв од Раб , опишан како „тврд нокот„

 

Последен клуб за кого зџаиграл по Ливерпул беше Preston North End.  Тој во Ливерпул одиграл 68 меча, а во Престон не се задржа долго кога поради скршеница на ноигата во 1903 година ја прекина својата фудбалска кариера.

 

Продолжил да живее во Престон, и работел како ноќен чувар. Беше во лоша здравствена состојба , подоцна и слеп починал во 1937 година на своја 69 годишна возраст.

 

Link: http://www.portal-udar.net/rab-howell-prvi-i-jedini-rom-koji-je-igrao-za-fudbalski-tim-engleske-i-liverpool-f-c/

Бомба: Мајк Тајсон ќе се бори против Фјури!

Долго се пишуваше за можните противници, но никој не можеше да очекува дека еден од противниците на Тајсон ќе биде Фјури! Ова денес го потврди денес во изјава за „БТ Спорт“.

 

„Добив повик за борба против Мајк Тајсон и не можев да верувам. Секако дека кажав „да“ што друго“, изјави Фјури и додаде:

„Мислам дека е многу сериозен да одработи неколку борби“, порача Фјури кој сепак смета дека борбите на Тајсон ќе биде како егзибициони.

 

„Мислам дека и тој и Холифилд се малку престари, но кој сум јас да кажам дали некој е способен или не?“, заврши Фјури.

 

Борба помеѓу Фјури и Тајсон секако ќе привлече внимание, без разлика од каков карактер би била.

Фјури и Вајлдер за малку ќе се степаа на прес-конференција

Светскиот шампион во тешка категорија во WBC верзијата, Дионтеј Вајлдер и неговиот противник Тајсон Фјури за малку ќе имаа физичка пресметка пред прес-конференција во Лас Вегас.

 

Двајцата лути ривали застанаа еден кон друг и почнаа да си кажуваат нешто в лице. Ова траеше околу една минута, по што Американецот го турна Британецот, по што на ист начин возврати Фјури. Тогаш реагираа членови на боксерските тимови и лицата од обезбедувањето кои спречија тепачка.

 

Битката помеѓу Вајлдер и Фјури ќе се одржи на 23 февруари во Лас Вегас.

 

Триесет и четиригодишниот Вајлдер има 42 победи и 1 реми. Од друга страна, 31-годишниот Фјури има 29 победи и 1 реми.

 

Првиот меч меѓу нив се одржа на 1 декември 2018 година и заврши нерешено.

Јасмин Рамиќ: „Во рингот покажав што значи „ромско срце„!

Јасмин Рамиќ попознат како „ Лавјо срце„ член е на Кик бокс клубот „Пантер„ од Бјелина, БиХ. Со својата храброст и совршена техника овој млад Ром од Бјелина ги освојува срцата на публиката.

Иако клубот „Пантер„ не е корисник на буџетските средства на градот Бјелина и функционира без спонзори, клубот вложува многу во кариерата на овој талентиран борец.

Низ кариерата Јасмин се борел во различни категории и ја има честа да се обиде како во боксот на аматерска основа така и во профи мечеви во K-1.

Тој напомена дека Кик боксот му го променил животот и дека имал и тешки моменти и помисла да го напушти спортот. И покрај тоа што имаше добри резултати, не можеше да живее од тој спорт. Започнал да се занимава и со земјоделство и во тие моменти помислил дека тоа е најдоброто решение за него.

По тригодишна пауза по наговор на тренерот Димотар Јовановиќ – Рокс, повторно влегува во ринг и се проаноѓа себе си.. Подготовките течеа полека и на првиот турнир го освоил првото место каде учествуваа и други сериозни борци.

Им покажа што занчи да се има ромско срце . Тој вели дека противниците не ги бира, но сите ги почитува и во борбите оди до крај. . Со оглед на условите кои ги има тој вели дека е презадоволен.

Како порака до младите Роми Јасмин вели дека тоа е образованието, зато што тој не се школувал.

Втората работа е да спортуваат и дека Ромите се многу талентирана нација.

Link: http://www.portal-udar.net/jasmin-ramic-u-ringu-sam-pokazao-sta-znaci-romsko-srce/?fbclid=IwAR2JhK__LBs2EHCAj5VMkL0Ln3M1l5mYTp20XpCQ1NQSwdELoPf560hfA-c

FaLang translation system by Faboba

Сакам да речам

Momentalno Online

Имаме присутни 73 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

Golden Wheel - Entry Application Form

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот