НВО Сектор

Поплави во Чешка 2024: Ромите обезбедуваат помош, комесарот Фукова ја координира помошта со водачите на заедницата, Ромодром воспостави кризна телефонска линија

Низ Република Чешка, ромската заедница активно се вклучи во напорите за помош за жртвите од катастрофалните поплави кои зафатија многу региони. Комесарот на чешката влада за прашања на ромските малцинства Луси Фукова ги координира напорите на регионалните ромски координатори со други организации, додека Агенцијата за социјална инклузија ја насочува својата поддршка за социјално исклучените општини. Организацијата Ромодром обезбедува кризна поддршка и хуманитарна помош во областите кои се најмногу погодени. Во областа Острава помага и организацијата Vzájemné soužití (Живот заедно). Локалните ромски заедници во Брно, Ханушовице, Крнов и Луже значително придонесуваат за евакуацијата и спасувачката работа. Фукова на серверот за вести Romea.cz ги опиша многуте чекори што ги презела за да организира ефективна испорака на помош. „За време на викендот испративме порака до регионалните ромски координатори, членовите на чешкиот владин совет за прашања на ромските малцинства, како и членовите на неговата работна група за безбедност“, рече Фукова, додавајќи дека ги повикала сите тие субјекти да се координираат со невладините организации. , без разлика дали се про-роми или предводени од Роми, со ромски лидери и со општински претставници. „Го повикав и директорот на Агенцијата за социјална инклузија, Мартин Шимачек, ефективно да ја координира помошта во социјално исклучените локалитети и региони“, рече Фукова.

Link: https://romea.cz/en/czech-republic/czech-floods-2024-roma-providing-aid-commissioner-fukova-coordinating-assistance-with-community-leaders-romodrom-sets-up-crisis-hotline

Презентиран е Протоколот за соработка помеѓу организациите во насока на заедничко и организирано застапување.

Вмрежувањето е клучно за одржливи и трајни промени во ромската заедница!

Повеќе од 15 претставници на граѓанските организации на втората стратешка средба за вмрежување на ромски и проромските организации споделија конкретни насоки за заедничка соработка и застапување на ромските прашања во процесот на пристапот кон ЕУ. Средбата се одржа на 9 јули во Ми Каса во Скопје.

Во таа насока подготвен е Протокол за соработка помеѓу организациите во насока на заедничко и организирано застапување.

„Ромскиот граѓански сектор за пристап кон ЕУ” е проект кој има за цел активно и значајно учество на ромските граѓански организации во донесувањето одлуки и структурираниот политички дијалог за инклузија на Ромите, со цел поефикасна имплементација на реформите за пристапување во ЕУ.

Имплементатори на проектот се Roma Democratic Development Association Sonce АДДР Сонце во партнерство со РАЖМ „Лулуди“ - Roma women and youth association "Luludi" РАЖМ „Лулуди“, РРЦ - Ромски Ресурсен Центар | RRC - Roma Resource Center РРЦ - Ромски Ресурсен Центар и Symplexis Symplexis (Грција), финансиран од Европската Унија преку Инструментот за претпристапна помош (ИПА III) на Европската Унија Програмата за поддршка за граѓанското општество и мрежи/платформи на медиуми за унапредување на секторските реформи и пристап на Република Северна Македонија во ЕУ (EuropeAid175431/DD/ACT/MK).

 

Соопштение до медиумите: Новоформираниот Форумот на немнозинските заедници најавува низа активнсти

Коалицијата на граѓански организации - Форумот на немнозинските заедници е чадор организација на дваесетина граѓански организации кои ги претставуваат немнозинските заедници во Македонија. Форумот се залага за правата и интересите на заедниците и го промовира нивното учество во општествените токови.

Коалицијата на граѓански организации - Форумот на немнозинските заедници иницира подготовка на Извештај во сенка за имплементацијата на Рамковната конвенција на Советот на Европа за заштита на правата на Националните малцинства во Македонија (РКНМ). Со отпочнувањето и преземените активности објавуви соопштение за медиумите во кој се вели:

Коалицијата на граѓански организации - Форум на немнозинските заедници објавува отпочнување на процесот на подготвување извештај во сенка за спроведувањето на Рамковната конвенција на Советот на Европа за заштита на националните малцинства (РКНМ) во Македонија. Со оваа иницијатива примарно ја нагласуваме нашата посветеност да обезбедиме остварување, заштита и унапредување на правата на малцинствата во земјата, како и развој на демократијата и владеењето на правото во општеството.

Коалицијата на граѓански организации - Форум на немнозинските заедници констатираше дека поднесувањето на Шестиот државен извештај на Македонија за спроведувањето на Рамковната конвенција на Советот на Европа за заштита на националните малцинства (РКНМ) е одложено. Првичниот рок за овој Извештај беше 1-ви февруари, а неговото отсуство го попречува критичкото оценување на напредокот и почитувањето на правата на малцинствата во државата.

Како дел од социо-економските констелации на оваа држава, Форумот сака да го забрза и поддржи процесот на поднесувањето на предметниот Извештај и во таа насока, ќе даде активен придонес во процесот на известување, како рамноправен партнер подготвен за дијалог и соработка со сите релевантни општестевени чинители.

Исто така, Форумот идентификуваше потреба од значително дополнување на тековниот процес на преговорите со Европската Унија. Поточно, на владиниот скрининг Извештај му недостасува сеопфатен Акциски план за партиципација и интеграција на немнозинските заедници во евро-интеграциските процеси и политики. Тој план за жал не е подготвен и покрај остварениот редовен дијалог и консултации помеѓу Форумот и Секретаријатот за европски прашања (СЕП).

Имено, Секретаријатот за европски прашања (СЕП) упатува на Министерството за надворешни работи (МНР), објаснувајќи дека политичката чувствителност на прашањата поврзани со малцинствата во Македонија налага изработката на Акцискиот план за немнозинските заедници да биде исклучиво раководена од посоченото Министерство.

За жал, ваквиот пристап резултираше со недостиг на консултации со граѓанските организации од немнозинските заедници, иако Патоказот за кластер 1 и одредниците од скрининг Извештајот беа одобрени од владите на ЕУ и од македонската влада.

Поради тоа, Коалицијата на граѓански организации - Форум на немнозинските заедници сака да ја насочи идната Владата дека во Македонија живеат 27 малцински заедници кои претставуваат 10% од населението на државата.

Во духот на конструктивен дијалог, Коалицијата на граѓански организации - Форум на немнозинските заедници потестува на заедничката демократска обврска и одговорност на надлежните институции за  одржување редовни и јавни консултации со немнозинските заедници. Тоа е со цел да се осигура дека правата и интересите на немнозинските заедници се соодветно адресирани, особено во насока на исполнување на Копенхашките критериуми за пристапување на земјата кон Европската Унија. Замрзнувањето на овие консултации поради политизирани чувствителни прашања се смета за несоодветно и контрапродуктивно за нашите колективни цели и интереси, вклучително унапредувањето и промоцијата на мултиетничкиот карактер на нашата држава и демократија.

Ја охрабруваме идната Влада, како и сите останати одговорни политички чинители, да се забрза процесот на подготовка и поднесување на задоцнетиот државен Извештај за спроведувањето на Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства. Дополнително, повикуваме на итно започнување на инклузивен дијалог со сите граѓански организации од немнозинските заедници во Македонија во врска со преговорите за членството во Европската Унија и Планот на Европската Унија за раст на Западен Балкан.

Ја користиме оваа прилика да испратиме порака дека Коалицијата на граѓански организации - Форумот на немнозинските заедници останува непоколеблив во својата посветеност кон заштита и промоција на правата на сите немнозински заедници во Македонија. Форумот ќе продолжи да работи и да се залага да се слушаат гласовите на немнозинските заедници и истите да се почитуваат во сите национални и меѓународни процеси и политики.

На крајот, Коалицијата на граѓански организации - Форумот на немнозинските заедници, со сите свои капацитети, ќе стои на распологање за иден рамноправен дијалог со институциите, како и меѓународните организации.

 

 

Во Кајаани Финска се одржа Форумот за добри односи со населението

Делегатот на ИРУ од Финска Рамона Грунстранд не информираше дека на 28-29 мај 2024 година, во Кајаани се одржа Форумот за добри односи со населението.

Во 2023 година започна проектот Добри односи со населението во соработка со Uusimaa ELY Центарот и Министерството за правда. Проектот е дел од акциската програма на Министерството за труд и економија за насочување и интеграција на бегалците во општините. На настанот присуствуваа повеќе од 200 професионалци од различни области, како што се државната администрација, социјални области, општини, организации и верски заедници. Беа вклучени и неколку претприемачи.

Форумот понуди одлична можност за вмрежување и размена на информации за мерките што се спроведуваат на различни нивоа. Дискусиите опфатија демонтирање на дискриминаторските структури, промовирање на недискриминација во работниот век, подигање на свеста за расизмот, зајакнување на вклученоста и интеракцијата и подобрување на чувството на безбедност. Покрај тоа, предметот беше испитуван од историска перспектива и развојот на истражувањето.

На вториот ден од форумот слушнавме инспиративни примери од различни делови на Финска за тоа како може да се промовираат добри односи со населението. Ова не потсетува на сите дека добрите односи со населението не се создаваат само од програмите и стратегиите, туку од придонесот на секој од нас. Решавањето на расизмот, создавањето безбедни простори, разговорот со странци и отвореноста се сите важни фактори.

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 518 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот