Група млади жени во Третиот рајх секојдневно живееле на работ, имале професија која не ја сакал никој. Тие биле дегустаторки на храната на Хитлер, кои испробувале сè што доаѓало до Фирерот на масата пред него, во случај некој од неговите редови или сојузници да сака да го отруе.
Тие останале далеку од јавноста до 2013 година, кога 95-годишната Маргот Волк ја сподели нејзината приказна со новинарот на „Шпигел“. Сега е направена претстава на режисерот Мишел Колос Брукс за животот на дегустаторите на Хитлер.
Фокусот е ставен на приказните за животот на четирите жени кои живееле во училиштето веднаш до седиштето на Хитлер во Втората светска војна. Комплексот се наоѓал во Полска.
-Претставата ја истражува чудната оддалеченост од историјата на Втората светска војна и ја испитува универзалната тема на адолесценцијата, но во многу опасно опкружување. Иако нивните животи биле преполни со моменти од кои се плашеле за нивните животи, со секоја лажица што ја приближувале до устата, тоа била, всушност, многу здодевна работа, пренесува BBC.
Споредено со низа воени искуства на другите, животот им бил лесен и едноставен. До 1944 година, во Германија имало многу гладни луѓе, а тие добивале по три оброци дневно и ретка состојка бидејќи Хитлер бил вегетаријанец, така што неговата диета се состоела претежно од ориз, тестенини и егзотично овошје.