Логор Аушвиц - (Auschwitz)

Логорот Аушвиц - Биркенау - Auschwitz -Birkenau  беше најголем нацистички конц логор за масовно уништување на луѓето.

Се наоѓаше на југот на Полска . 50 км западно од Краков и 286 км од Варшава.

Името го добил по градчето во близиба Освета (на германски Auschwitz).

По германската окупација на Полска во септември 1939.година , Освета  се припои на Германија и името беше променето во Аушвиц

Во конц логорот Аушвиц депортирани беа 1,3 милиони луѓе од разни делови на Европа.

Поголемиот број на жртви беа убиени штом стигаа во логорите во комората за гас на Аушвиц II користејки го циклонот на B гас.

Останатите умреа од систематска глад, принудна работа, стрелање и медицински експерименти. Меѓу настраданите имаше и 19.000 Роми кои беа убиени во јули 1944 година.

Заповедникот на логорот  Рудолф Хес на судењето во Нинберг кажа дека во Аушвиц погубени биле до 2,5 милиони луѓе.

UNESCO  овој камп во 1979 година го прогласил за светско културно наследство  под името “Auschwitz-Birkenau –  германски нацистички конц логор на смртта„

Инаку логорот е ослободен од страна на 322 дивизија на Црвената армије на 27 јануари 1945, Во логорот беа пронајдени  348.820 машки одела и  836.255 женски кои им припаѓаа на жртвите,

Денот на ослободување на Аушвиц 27 јануари е воедно прогласен и како „Меѓународен ден на сеќавањето на жртвите на Холокаустот„

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Сакам да речам

Momentalno Online

Имаме присутни 28 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот