Нема казна затвор за полицаецот кој тепаше Роми во Битола, Апелација ја преиначи во условна казна

Одредената затворска казна од 1 година од Апелациониот суд е одлучено

и се преиначува во условна осуда со обврска обвинетитот да не изврши ново кривично дело за време од 3 години по правосилноста на пресудата, информираат од Институтот за истражувања и анализа на политики – Ромалитко и граѓанското движење „Аваја“.

Инцидентот во Битола е добро познат случај на јавноста од септември 2020 година кога четири лица од ромска националност, беа претепани од страна на полициски службеници во Битола.

Случајот стана познат бидејќи беше снимен и објавен на социјалните мрежи. Во поддршка на ефективна пресуда беа организирании два големи протести, еден во Битола и еден во Скопје. За овој случај има две пресуди кои пресудија за сторено кривично дело малтретирање во вршење на служба и одредија затворска казна од 1 година за еден полициски службеник. Случајот беше бурно следен и од меѓународната заедница, вклучувајќи ја и Европската Комисија која побара ефективна пресуда и ја осуди полициската бруталност.

-Оваа пресуда требаше да биде преседан во одредување на затворска казна за полициска бруталност бидејќи сите други претходни пресуди за полициска бруталност ја одредуваат истата условна казна. Со одредувањето на условни осуди креираме средина во која полициската бруталност не се следи и казнува, а со тоа се намалува и довербата на граѓаните во полицијата и судовите. Оваа пресуда не беше значајна само за ромската заедница како заедница со повеќе случаи на полициска бруталност, меѓутоа и за целото општество бидејќи насилство не треба да биде дел секојдневното функционирање.

Со првата пресуда судот сметал дека со изречената казна затвор ќе се влијае на обвинетитот во иднина да не врши вакви или слични дела и дека со оваа казна ќе се постигнат целите на генералната и социјалната превенција, меѓутоа апелациониот суд дојде до заклучок дека обвинетиот има кривична одговорност, но и можност да биде поблаго казнет. Според судот, целта на казнувањето може да се оствари и со предупредување со закана за казна-условна осуда која доволно воспитно ќе влијае на обвинетитот, а со тоа и позитивно ќе се влијае на планот за генерална превенција од вакви кривични дела. Судот смета дека условната казна затвор претставува адекватен општествен прекор.

Случајот нема да застане тука! Ние ќе продолжиме да ја бараме правдата со користење на сите правни средства, порачуваат од Ромалитико и Аваја во кој се вклучуваат и пголем дел од ромскит НВО сектор.

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 115 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот