На 6 Ноември на Филолошкиот факултет во Скопје, РДИЦМ и Мрежата за системски и трајни решенија ќе го одбележат Меѓународниот ден на Ромскиот јазик 5-ти Ноември

Откако УНЕСКО го прогласил 5 ноември за Меѓународен ден на ромскиот јазик во 2015 година, а од 2018 година, 16 земји-членки на Советот на Европа го признале ромскиот јазик како малцински јазик според Европската повелба за регионални или малцински јазици, овој значаен ден се одбележува во поголем дел од Европа и пошироко. Во тие рамки и Р.Северна Македонија со повеќе настани  го одбележува овој ден. Еден од тие настани е и во организација на РДИЦМ и Мрежата за системски и трајни решенија на Ромската заедница во Р.С.Македонија. Тие потпомогнати и од Владата на Р.С.Македонија овој ден ќе го одбележат на 6 Ноември 2023- Пнеделник со почеток од 10 часот.

Настанот ќе се одржи при Филолошкиот факултет „Блаже Конески„ во Скопје.

Според организаторите, на настанот свој поздравен говор ќе имаат и високи преставници од државните институции како што се Владата, Собранието и неколку министерства, преставници од високи образовни институции и др.

Поканети се и дипломатскиот кор воедно и многу други меѓу кои и од невладиниот сектор, од општествено политичкиот живот и др.

Предвидено е да  се одржи мал воведен историјат во врска со одбележување на денот, како и академски час на тема: „Унапредување на Ромскиот јазик и литература.„ Организаторот се потруди и да има изложбен перформанс преку визуелни банери чија содржина е со историјатот за значењето на Ромскиот јазик.

На крајот исто така ќе се доделат и плакети на индивидуалци и институции кои дале свој придонес во зачувување на Ромскиот јазик. Мотото на овогодишното одбележување на 5-ти Ноември  е: „Ромскиот јазик, коренот на ромскиот идентитет„

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 230 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот