Учебната 2023/2024 година ќе започне на 1 септември, а ќе трае до 17 јуни, изјави министерот за образование и наука, Јетон Шаќири на денешната прес-конференција.
Согласно одлуката донесена на владина седница, сите ученици од основните и средните училишта првпат ќе имаат пролетен распуст кој ќе трае од 29 април до 5 мај, практика, која министерот вели дека се применува во повеќе европски земји и која според наставниците и стручните служби ќе донесе подобри резултати.
Во однос на учебниците, најголем дел од учебниците за основното образование кои се одобрени, како и новите учебници за трето одделение, се веќе испорачани до училиштата. Останатиот дел, претежно новите учебници за шесто одделение ќе бидат доставени веднаш откако ќе бидат одобрени од Комисијата за учебници, а во меѓувреме учениците ќе се послужат со помошни материјали, кои се достапни на веб-страницата Бирото за образование и развој.