Децата Роми се најмногу изложени на дискриминација и сегрегација

И покрај досега преземените мерки и активности, дискриминацијата на децата Роми во Македонија и натаму е присутна. Голема дискриминација се бележи во делот на матичната евиденција поврзано со прашањето за лицата кои не се запишани во матичните книги, присутна е појавата на сегрегација по етничка основа, особено кога станува збор за учениците Роми. Исто така, состојбата со децата на улица е аларманта, а 98,2 отсто од нив се Роми. Регистрирани се случаи на дискриминација и во областите домување и пристап до добра и услуги.
Ова се само дел од областите на дискриминација кај децата Роми, регистрирани во  Извештајот „Дискриминација на децата Роми, меѓународна и домашна регулатива, национални политики и институционална поставеност – анализа на случаи од терен” што беше презентиран денеска, а е дел проектот „Спречување на дискриминација кон ромските деца“.
За надминување на ваквите состојби, се наведува во извештајот, треба да работи на подигнување на свеста и капацитетите во институциите и кај граѓаните за заштитата од дискриминација, да се зголеми свеста за препознавање за дискриминација, особено кај жртвите припадници на ромската заедница. За надминување на констатираните состојби неопходно е домашната законската регулатива побрзо да се  усогласи со меѓународното право и обврските што државата ги има прифатено, но и да се подобри имплементацијата на националните политики.
Премиерот Зоран Заев, кој се обрати на завршната конференција на проектот, рече дека државата има обврска да изгради едно општество за сите, не само како флоскула, туку реалнно и оти тоа е највисоко на агендата на Владата.
-Никој не смее да биде дискриминиран, ниту запоставен. Најмалку тоа смее да биде некое дете, особено децата од ранливите категории. За нас, таквите права и достоинствен живот за сите се искрена верба дека тоа е патот до успешна заедничка држава, дом за сите, рече Заеев.
Амбасадорот на ЕУ во Скопје, Самуел Жбогар истакна дека иако во државата се преземаат многу активности за спречување на дискриминацијата, таа се уште е пристуна и може да се види на улиците, во фактот што многу од децата немаат никакви документи, живеат во лоши услови, немаат пристап до образование и други услуги. Затоа, рече, потребна е координација на политиките, усогласување на целите и изнаоѓање фондови и средства за нивна реализација.

Народниот правобранител Иџет Мемети вели дека за овие проблеми треба да се зборува отворено, бидејќи, како што наведе, проблемите на Ромите се и наши проблеми, односно проблеми на целото општество. Прашање, е рече тој, дали сме подготвени да најдеме решение за проблемите и интерграција на Ромите во општеството. Ако е тоа така, во тој правец треба и да се делува, истакна Мемети.

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 144 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот