Македонска Телевизија станува - Национална Телевизија, а Македонска Опера и Балет - Национална Опера и Балет

Македонски народен театар останува со истото име, а Македонската филхармонија станува национална оти името на првата институција има етничко идентитетско значење, а втората е од национален и државен карактер, појаснуваат од Владата.

“Македонски народен театар останува истo, заради тоа што има албански и турски театар, а МНТ се толкува како театар на македонскиот народ преку кој се зачувува и унапредува македонската историја, традиција, култура и нејзините особености, односно има етничко идентитетско значење”, објаснуваат од владата.

Слична е ситуацијата и со музејот кој во јавноста досега беше познат како музеј на ВМРО. Сега тој е Музеј на македонската борба за самостојност бидејќи како што објаснуваат од Владата, тој е културна институција преку која се зачувува и унапредува македонската историја, традиција, култура и нејзините особености и е со историско значење.

“Придавката македонски се употребува секогаш кога е поврзана со етнички и културен идентитет на народот, односно македонски етнички идентитет, македонски јазик, македонска култура, македонска територија, македонски народ, македонска историја...сите други употреби со северномакедонски се неправилни”, вели портпаролот на владата.

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Сакам да речам

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот