Како Р.С Македонија ќе ги започне преговорите со ЕУ, кога сеуште е видлива сиромаштијата и дискриминацијата на Ромската заедница?

Вклучувањето на Ромите во целокупното општество е навистина важен индикатор за тоа колку Северна Македонија како земја, која преговара за влез во ЕУ, е успешни во обединувањето на различностите.

Во текот на изминатите години многу се направи ширум Европа за да се заштити културата на Ромите, јазикот и почитувањето на основните права на Ромите. Како и да е, сиромаштијата, дискриминацијата и ексклузијата што историски влијаеја врз Ромите се уште се видливи низ земјите во Европа, во Европската Унија но и пошироко, вклучувајќи ги и земјите што водат преговори.

Северна Македонија мора да знае дека ЕУ препознава многу тешкотии и дискриминација во поглед на економскиот живот со којшто се соочуваат Ромите во државата.

ЕУ бара сите земји да подготват стратегии, национални акции и акциски планови за вклучување на Ромите, вклучително и Северна Македонија.

Во поглед на состојбата во Северна Македонија, ЕУ дава значителна поддршка за стратегијата за вклучување на Ромите што Владата ја усвои во 2022 година и тој документ не треба да стои само на хартија туку треба да се осигура дека оваа стратегија се применува во пракса.

А сето тоа бара и политичка волја, координација и партнерство. А сведоци сме дека Ромската заедница, наместо да се издига, таа се повеќе и повеќе тоне во апатија, сиромаштија, безнадежност.

Државата некако сите приоритети на Ромската заедница ги сместува „во втор план„. Многу е битно дека Ромската заедница во последните гоодини освен како „гласачка машина„ нема никакво политичко влијание ниту во Законодавната ниту во Извршната власт. Што може еден пратеник  припадник од Ромската заедница, „револуционерно„ да промени во Парламентот?

Во Извршната власт пак уште потрагично. Ниту едно министерско или заменик министерско место за Ромите. Онака само за „замачкување на очите„ без никаква политичка моќ за одлучување, како Советник во Кабинетот на Ковачевски и Нациоонален координатор.

Владата треба многу посериозно да се нафати на решавање и импленетација на Стратегијата за Ромите доколку „црна дамка„ во преговорите за влез во ЕУ?

Стратегијата за Ромите е усвоена уште пред 2 години, но Националните акциски планови сеуште чекаат на „амин„ и сеуште не се усвооени. Се прашуваме кога на седница на Парламентот ќе дојде на ред усвојување на Буџетот за 2024 година, каде и колку се планира за реализација на НАП- овите. Кога ќе се усвојат за да знаат колкав Буџет е потребен.  А септември веќе поминувА. По се изгледа дека во 2024 година одвојен Буџет за НАП ќе биде повторн утната работа

Прв дел... Продолжува

 

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 229 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот