Интервју со Селвија Мустафи дел од кор тимот на АВАЈА: „ Аваја е во еволуциона фаза во која се случуваат промени во повеќе аспекти којшто е апсолутно здрав процес.„

Рома Тајмс: Аваја изминатиов период додаде и една додавка - Роми за Демократија - Roma for Democracy ? Колку оваа додавка влиаеше на смената од претходното раководство во ова сегашно?

Селвија Мустафи: Фондацијата Ромите за Демократија е новиот ентитет и извор за нова надеж со цел да го зајакне демократското учество на Ромите во општеството, а Аваја е иницијативата која претставува конститутивен дел на фондацијата. Една од целите на фондацијата ќе биде да поддржува индивидуалци, неформални групи, движења како и медиумски портали кои го промовираат придонесот на Ромите во развојот на демократијата.
Формирањето на фондацијата не влијаеше во смената на претходното раководство, напротив отвори простор за еден поширок видик и заедничко работење преку вклучување на луѓе и од други региони во државата кои имаат голем потенцијал во јакнење на моќта на заедницата.

Р.Т.:Кој е сега во раководството на Аваја , и дали има во раководствот од претходниот состав?
С.М.: Аваја е во еволуциона фаза во која се случуваат промени во повеќе аспекти којшто е апсолутно здрав процес. Во раководството имаме луѓе од претходниот состав, но и појачување со активисти кои во текот на овие 4 години имаа можност да водат на локално ниво и да растат во целиот процес за сега да достигнат раководствено ниво.
Тоа што е клучно во целиот процес на работење е нашата волја за работа без разлика за тоа кој води, бидејќи целта на крајот од денот е иста, но само фокусот различен. Од една страна ги имаме брзите подеби во ромските маала во многу општини а од др. политичкото организирање и влијание.

Р.Т.:Кој е сега фокусот на активности на Аваја?

С.М.:Како и претходно, Аваја ќе се фокусира на 3 главни елементи, а тоа се:
политичката едукација, политичкото учество како и репрезентацијата.
Во минатото имавме можност да доживееме секаков вид на манипулации особено кога станува збор за избори. Од сето тоа главната поука е дека ни треба јакнење на гласот на заедницата, политичка едукација (како правилно да гласаме), учеството (зошто е важно секој да учествува и гласа) како и репрезентацијата – за поголемо влијание во креирање на државни политики.

Р.Т.:Кој е главниот мотив Аваја да прерасне во Ромско политичко движење?

С.М.:Мислам дека е крајно време да сфатиме дека мора да бидеме политички силно организирани и да бидеме дел од повисоките политички процеси и вклучени на позиции кои ќе направат промени за нашата заедница.
Мотивот е едноставен, ние немаме своја матична држава и (воена) сила за да демонстрираме таква снага, економски сме најсиромашна заедница во Европа, но тоа што можеме да го направиме е да се организираме политички и да делуваме преку градење на моќ во заедницата. Благодарение на нашите предци и лидери како Фаик Абди, нам ни е овозможено не само да размислуваме за политика, туку да се вклучиме активно во истата.
Аваја има генерација на млади лидери со капацитет да замислат подобра иднина преку заедничките идеи и волјата за подобрување на статусот на ромска заедница.

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 77 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот