Скопје рекордер во Европа по потрошувачка на вода за пиење - 640 литра дневно

Македонците на годишно ниво трошат повеќе вода од жителите на Словенија, Босна и Херцеговина, Бугарија и Косово заедно. Според податоците на Еуростат, трошиме 118,2 кубни метри вода по глава на жител, што нè прави рекордери во регионот со по околу 323 литри вода по жител на ден.
Највисока потрошувачка на вода во Скопје во последните десетина години е регистрирана на 6 август 2017 година, кога според мерењата од градската водоводна мрежа биле потрошени вкупно 353.558 кубни метри, што е околу 640 литри вода по жител.
Максималната потрошувачка низ годините според податоците од ЈП „Водовод и канализација“ Скопје е следна:
2018 – 22 јули        320.338     м3/ден или 582 литри по жител
2017 – 6 август      353.558    м3/ден или 642 литри по жител
2016 – 13 јули        326.504    м3/ден или 593 литри по жител
2015 – 22 јули        329.721    м3/ден или 599 литри по жител
2014 – 8 јули          320.939    м3/ден или 583 литри по жител
2013 – 6 август       331.169    м3/ден или 602 литри по жител
2012 – 9 јули           337.945    м3/ден или 614 литри по жител
2011 – 14 јули          335.185    м3/ден или 609 литри по жител
2010 – 16 август      327.221    м3/ден или 594 литри по жител
2009 – 29 јули          311.352    м3/ден или 566 литри по жител

Според податоците на Еуростат за потрошувачката на вода од јавните водоводни системи по глава на жител, најмногу 94 кубни метри на годишно ниво трошат Грците, а најмалку Романците со 25,1 кубни метри вода годишно.

Од ЈП „Водовод и канализација“ Скопје им препорачуваат на своите корисници и граѓани на Скопје во летниот период водата да ја користат рационално за потребите во домот и да не се злоупотребува за неразумно полевање зеленило, разладување улици, полнење базени и други прекумерни потреби.

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 184 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот