Обвинетите за трговија со дете Алија А. (51) и Мехмед Б. ( 47), и обвинет за обљуба врз детето Исмет Б. (19), го негираа случајот во Основниот суд во Бања Лука.
Првообвинетиот Алија А се терети дека на 10 јануари годинава во Добој со Мехмед Б. И направил продажба на својата 13 годишна ќерка А.А. за 500 евра за да формира принудна брачна заедница со Исмет Б. Исмет се терети дека направил обљуба врз малолетанта А. А.
Целиот случај беше пријавен во полиција кога семејството на Алија незадоволни од „цената„ по која беше продадена малата невеста Наводно договорената цена беше околу 1,200 евра , а им беше дадено само 500 евра, за подоцна од семејството на „зетот„ да биде побарано и златен прстен „Армани„ и 500 квадрати земја.
Карактеристично е тоа што Алија покрај 13 годишното девојче има и други 11 деца, а Мехмед покрај обвинетиот Исмет има уште тринаесет деца.
Сите обвинети се бранат од слобода, а 13 годишната А.А е сместена во дом во Тузла.