Скоро месец дена помина откако семејството Селадин остана без својата куќа.
Нив извршителите ги исфрлија на улица, а на адресата Дунавски кеј 30, веќе ја нема семејната куќа .
За време на селењето на ова семејство беа присутни три полициски бригади.
Тие не успеаа да си ги земат ниту највредните работи.
Единствена пречка при иселувањето беше болната сестра, Сузана Алија која беше болна од рак на панкреас. Таа лежеше во кревет додека куќата се рушеше.
Полицијата и извршителите никому не дозволија ниту чаша вода да и дадат. И покрај лекарската забрана дека таа не смее да биде вознемирена,
Сузана беше извадена надвор и префрлена во болница.
Од претрпениот стрес и прогресија на болеста, за жал, Сузана почина.