Познатиот фудбалски ас од Шведска Златан Ибрахимовиќ деновиве ги разгневи фановите на Малме, со потегот дека станал косопственик на фудбалскиот клуб Хамарби со 25%.
Инаку Ибрахимовќ првите фудбалски чекори ги направил во ФК Малме, за потоа да ја стекне светската слава настапувајќи за познати светски тимови.
Со најавата дека неговиот фудбалски ангажамн во САД завршува навивачите на Малме очекуваа дека тој на некој начин ќе се „раздолжи„ со неговиот прв клуб и таму ќе ја заврши кариерата. Инаку за навивачите на Малме тој беше вистинки фудбалски бог и во тоа име имаат и статуа пред сатдионот на Малме.
Но ибрахимовиќ наместо Малме го одбрал Хамарби како клуб во кого ќе инвестира.
Тоа ги налити фановите и му ја апалија сатуата, но и осамнаа и надолични графити меѓу кој и „Цигани умрете„
Тој графит осамна од причина шпто се претпоставува дека Златан има Ромско потекло, и покрај тоа што Златан никогаш јавно не се шпроизнесол дека е Ром.
На ова реагира и ромскиот активист Алмир Сали од Норчепинг кој сега ги повикува Ромските организации да реагираат на овј графит каде шеведските власти е потребно веднаш да ги идентификуваат сторителите и да одговараат пред законот.
Графитот не е нималку наивен и ја отсликува нетолеранцијата и омразата кон Ромите и во оваа скандинавска држава.
Досега никој не е осомничен ниту приведен.