Новата Година во светот

Новогодишните обичаи во секоја земја се различни. Ако не сте знаеле или не сте имале прилика и можност да бидете сведоци на една поинаква Новогодишна прослава, ние ви нудиме мал дел од обичаите кои се практикуваат во различни земји во светот.

Германците не можат да ја замислат Новогодишната прослава без огномет, па затоа во Германија секоја година за најлудата ноќ, најмногу се троши за пиротехника (околу 100 милиони евра).

Австралијанците се разликуваат само во тоа што среќата на новогодишната вечер си ја осигуруваат со добар десерт - сладолед од ментол кој се послужува аранжиран во облик на детелина со четири ливчиња.

Во Велика Британија е важно и колку врати во домот имате. Освем што е обичај да на полноќ ја отворите влезната врата за среќата од новата година да влезе во вашиот дом, добро е да имате и стража на вратата која ќе се осигурува кои гости влегуваат. Ако доаѓаат повеќе гости одеднаш, првиот кој влегува мора да биде оној кој ќе ги носи подароците.

-Холанѓаните на Нова Година јадат крофни, бидејќи сметаа дека крофните се симбол на среќа и благосостојба. 

Шпанците на полноќ јадат грзоје и тоа 12 бобинки што симболично претставува среќа во наредните 12 месеци.

- Грците, како и Норвежаните во новогодишниот леб ставаат паричка.

- На Сицилијанците им важи верувањето дека среќни ќе бидат оние кои на Нова Година јадат лазањи. Јадење на било кои други тестенини носи несреќа.

- Бразилците за Нова Година носат бела облека која симболизира мир.

- Во Северна Америка прифатен е обичајот на подарување бакнежи кои се случуваат од разни танцови и забави под маски. Според традицијата, маските ги симболизираат злите духови од старата година, а бакнежот претставува прочистување и премин во подобра Нова година.

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 457 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот