Несакав проблеми , сакав да се преместам, но ете се случи. Полицајката ме бркаше, ме тргаше, а сето тоа го гледаше мојот боплен син. Ја удрив, не можев да трпам , вели продавачката од пазарот штом излезе од притвор.
Од продажбата по пазари хранам девет усти , и ја издржувам целата фамилија. Полицајката кон мене се однесуваше како да сум најголемиот криминалец, па јас не убив некого па таа да се однесува така кон мене. Ме удираше и влечеше пред синот . Ми се стемни пред очите и ја удрив!
Со овие зборови ја започна својата приказна Садија Дурмиш (37) која беше во центарот на вниманието поради нокаутот врз комуналната полицајка А.М. на пазарот во Белград.
Полицајката заврши во болница, а продавачката после инцидентот беше уапсена.
Таа по 2 дена притвор беше пуштена дома да се брани од слобода.
-Несакав проблеми, сакав да си заминам но ете се случи. Морав да се одбранам. Комуналните полицајци не навредуваа . Се уплашив и замавнав. Трганв да побегнам и ми се слоши и се наведнав. Кога се освестив , видов лисици на рацете.
Таа вели дека 19 години продава на пазарот и ова и се случило за прв пат.
Синот се уплаши и плачеше. Ова е едниствен начин на заработка. Сопругот нема стална работа. Дури и робата ми ја зедоа.