Бесплатна градинка за децата Роми уште во три општини

Уште во три општини децата од ромска националност од семејства во социјален ризик добиваат можност за поголемо вклучување во предучилишното образование.

 

Во програмата „Инклузија на деца Роми во предучилишното образование“ се вклучуваат и општините Неготино, Струмица и Кавадарци, со што престојот на децата во градинките ќе биде ослободен од партиципација, за децата чии семејства се во социјален ризик.

 

Над 450 деца Роми се веќе ослободени од плаќање партиципација за посетување на градинка, како резултат на заложбите на Владата и Министерството за системско решавање на ова прашање. 

 

Ослободувањето го прават локалните самоуправи врз основа на блок дотaции коишто ќе ги добијат од Министерството за труд и социјална политика.

 

Целта на ослободувањето од партиципација е еднаква вклученост на сите деца во предучилишното образование, бидејќи раниот детски развој е многу важен за понатамошниот развој и едукација на секој поединец , се вели во соопштението од Кабинет на дополнителна заменик министерка за труд и социјална политика

 

  

 

Линк до фото: https://we.tl/t-keQOYKwbDD

 

Со почит,

Кабинет на дополнителна заменик министерка за труд и социјална политика

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 338 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот