Деновиве буквално ФБ „експлодираше„. Причината беше едноставна, и тоа пради објавен пост - виц, кој со тоа навреди и омаловажи една цела заедница – Ромската.
Извесен Златко Бојаџиев на својот ФБ профил , едитираше објава виц во кој буквално ја навреди целата ромска заедница.
И веднаш очекувано како реакција започнаа коментари и негативни критики кон објавувачот.
Во коментарите освен навредливи имаше и вулгарни конотации, како и закани за преставки и пријавување за недоличната содржина на самиот виц.
За среќа целата еуфорија траеше од неколку часа, која веднаш потоа и самиот автор на недоличната објава, по се изгледа ја разбра критиката и веднаш го избриша недоличниот пост –виц.
Ова нека преставува поука дека сепак секоја форма на навреда и говор на омраза може да биде строго санкционирана , и може да има несогледиви последици.