Системот за узбуна и потрага на исчезнати деца “Amber alert” во Србија ќе биде активен кон крајот на април, информираат медиумите.
Овој систем кој веќе постои во голем број на држави, подразбира дека кога ќе се пријави некое исчезнување на детето, веднаш се прекинува програмот на сите телевизи и радио станици, и во ударните вести да постане важна информација за исчезнатото дете.
Со помош на овој аларм , граѓаните ќе бидат информирани за основните детали во врска со грабнувањето и на кој начин ќе може да им се помогне на полицијата во брзо пронаоѓање на киднаперот.
Тоа за Informer го кажа Игор Јуриќ, оснивател на Фондацијата „ Тијана Јуриќ„ и татко на киднапираното и убиеното дете Тијана.
“Верувам дека мојата Тијана сега ќе беше жива, ако пред 6 години овој аларм постоеше во Србија, но среќен сум што ќе може во иднина многу млади животи да бидат спасени.
Тој додаде дека во истиот момент мобилните оператори ќе им испратат на сите свои корисници SMS и MMS со овие информации.
“И не само тоа. Сите овие информации и фотографии во моментото ќе се појават и на банкоматите, лед екрани на бензиските станици, и во продавниците од најголемтите трговски ланци секаде ширум Србија. Буквално целета држава ќе се всклучи во потрагата„ објасни Јуриќ.
“Amber alert” до сега спасил многу животи на деца ширум светот . Јуриќ кажа дека алармот ќе ја „активира„ полицијата и обвинителството.