ЕВН нема да ја исклучува струјата на граѓаните, додека траат превентивните мерки за заштита од вирусот, уверуваат од компанијата. Од таму апелираат до корисниците ако не им е итно да не доаѓаат во пунктовите на компанијата, а оние кои се во можност да ги користат електронските услуги.
Исто така и ЈП Водовод и канализација – Скопје, согласно новонастаната ситуација со корона вирусот во нашата земја како и повикот на Регулаторната комисија за енергетика, известува дека во овој период, се додека се во важност препораките и забраните на Владата и Министерството за здравство, а се однесуваат на спречување на ширење на корона вирусот, нема да ги исклучува корисниците на услугите на претпријатието кои имаат неплатени долгови.
И од агенцијата за вработување ги информираат невработените дека нема да бидат избришани од евиденција ако во овој период не се регистрираат во системот.
Агенцијата за вработување ги информира невработените лица да го одложат редовното пријавување во центрите за вработување во термините што им биле утврдени на последното редовно пријавување сè до истекот на важење на донесените мерки – 24 март.