Генералниот секретар на ОН: Пандемијата му се заканува на целото човештво

Пандемијата на коронавирусот му се заканува на целото човештво, предупреди генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш, јавува Франс прес со податок дека во светот има повеќе од 450.000 заразени.

 

Целото човештво мора да одговори. Акцијата и солидарноста на глобално ниво се клучни“, истакна Гутереш.

 

Тој претстави „светски хуманитарен план“ за поддршка на најсиромашните земји.

„Целта на тој план е да се бориме против вирусот во најсиромашните земји во светот и да одговориме на потребите на најранливите, пред сѐ жените и децата, постарите лица, лицата со инвалидитет и хроничните болни“, порача генералниот секретар на ОН во видео порака.

 

Бројот на дијагностицираните случаи е само дел од реалниот број на заразените бидејќи најголемиот број земји ги тестираат само тешките случаи.

 

Претходно вчера Светската банка и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) со заедничко соопштение ги повикаа земјите кредитори веднаш да го олеснат исплаќањето на долговите за најсиромашните земји кои се борат со тешките последици на пандемијата на коронавирусот.

 

Станува збор за членките на Меѓународната развојна асоцијација (ИДА), во кои живее четвртина од светското население и две ретини од најсиромашните луѓе во светот, а нив епидемијата најмногу ќе ги погоди.

 

Видео порака:

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 586 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот