Фактот дека некои земји воведуваат носење маска, додека други ја отфрлаат, не е само прашање на владини директиви и совети за здравство – станува збор и за култура и историја.
Од избувнувањето на епидемијата на вирусот, официјалниот совет на Светската здравствена организација е јасен. Само два вида на луѓе треба да носат маски: оние кои се болни и покажуваат симптоми и оние кои се грижат за лица за кои постои сомневање дека имаат вирус на корона.
Никој друг не мора да носи маски за лице, а има и неколку причини за тоа.
Едно е дека маската не се перцепира како сигурна заштита, бидејќи сегашните истражувања покажуваат дека вирусот се шири преку капки и преку контакт со загадени површини.
Така може да ве заштити, но само во одредени ситуации, како на пример кога сте во близина на други луѓе каде заразеното лице може да кива или кашла близу вашето лице. Затоа експертите велат дека миењето раце со сапун и вода е многу поефикасна мерка.
Link: https://lokalno.mk/zoshto-vo-nekoi-zemji-se-nosat-maski-a-ne-vo-drugi/