Хотелите се наполнија со карантинци, никому не му текна да даде соба за бездомниците

Кан ги отвори вратите, но не за филмската елита, туку за бездомниците, кои немаат каде да се сокријат од коронавирусот. Во Лондон хотелите им нудат место за спиење на бездомниците во обид да се спречи ширењето на коронавирусот. И во Македонија има тренд на отворање на локалите, но не за бездомници.

 

Изминатите зими, во услови на голем студ, неколку локали ги отворија вратите за бездомните животни. Дали заслугата за ваквата великодушност на угостителите треба да се побара во силното лоби на здруженијата за заштита на животни? Којзнае… но, кој да лобира за бездомните луѓе?

И, додека дел од бездомниците во Скопје се сместени во неколку групни домови, има и такви кои не се корисници на услугите на Црвениот крст и по автоматизам се оставени на улица.

 

Тие не сакаат сместување, велат надлежните, во ред, но сигурно нема да одбијат сместување во топла соба, барем во услови на вонредна состојба, секако…ако им биде понудена.

 

Инспирирана од идејата на англиските хотели, текстот ќе го поврзам со идејата на македонските хотели, кои вратите ги отворија, но не за бездомните лица, туку за повратниците од странство, кои можеби се заразиле со коронавирус, и сега сеат страв низ Скопје. На бездомниците повторно не се сетија.

 

Ниту еден хотел, ниту хостел, досега не покажал емпатија за луѓето кои мораат ноќите во време на епидемија и полициски час да ги поминат на улица.

 

Хотелите на МВР и АРМ низ државава се празни, а периодов празни се и студентските домови, кои би можеле да бидат времено решение за сместување на бездомните лице во време на вонредна состојба и полициски час.

 

Важно е да се спомене и дека во услови на вонредна состојба Владата има можност да донесе уредба за згрижување на секоја категорија граѓани на државава.

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 306 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот